РОДЕНДЕНСКИ МЕСЕЦ НА ПОПУСТИ

ОВОЈ месец славиме 4 години роденден. Без сите вас немаше да бидеме таму каде што сме денес. Затоа сакаме да го прославиме заедно и да ви подариме многу можности за нови доживувања и дружења!!!
За вас подготвивме 7 понуди со специјален попуст кој трае до 20.04. Погледнете ги во продолжение. За да ја прочитате целосната понуда кликнете на сликата за дестинација која ве интересира.

КРФ – Популарна изрека вели: ” не менувај го она што е добро”. Затоа од година во година остануваме верни на овој остров, а искуството станува се подобро со секоја година! Доживеј го и ти!

Кефалонија- нова авантура на која ве покануваме за прв пат. Придружете ни се во забавното истражување на овој прекрасен остров кој е избор на илјадници туристи.

Будва- Шармантна и повеќестрана претсавува идеално место за бегање од секојдневието. Прославете го 1ви мај со мас на плажа, низ тесните улички на стариот град и секако навечер на далеку прочуените ноќни забави.

Санторини-вечно примамливиот симбол на грчкиот туризам и сон од разгледниците. Ако си романтична душа ова е твојот рај.

Закинтос – островот на желките е и еден од најегзотичните во Грција. Оваа акција е како создадена за секое младо друштво.

Рим – вечниот град во пролет! Кој може да замисли поубава слика? Паста, џелато, улици полни со живот! Кој е за?

Венеција – секој што не ја доживеал, ја има на својата листа за патување. Можеби ова е вашата шанса?