РИМ за 8ми МАРТ – авион

Рим е главен град на Италија како и главен град на Лацио. Со 2.8 милиони жители на 1,285.3 км² е исто така најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европската Унија. Околу 3.2 до 3.7 милиони жители живеат во Римското градско подрачје. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибер во границите на областа Лацио во Италија. Овој град бил главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римската Империја, која била доминантна сила во Западна Европа, а самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Рим бил седиште на Папата, станал главен град на Царството Италија, и главен град на Италијанската Република. Рим беше рангиран како 28ми по ред најважен глобален град. Во 2007 година, Рим беше 11ти по ред нај посетуван град во светот, 3ти нај посетуван град во границите на Европската Унија, и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните Европски градеви. Неговиот историски центар е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Музејот Ватикан и Колосеумот се помеѓу 50те нај посетувани туристички дестинации (музејот Ватикан со 4.2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим беше домаќин на Летните Олимписки Игри во 1960 година.

РИМ за  8 ми март  4 Дена / 3 ноќевања / авион   (08.03-11.03.2018)

Цена на аранжманот : 229 евра / 14.198 мкд за резервации до 11.01.2018

Цена на аранжманот: 299 евра / 18.538 мкд редовна цена

 

 

 

Можност за плаќање на 3 рати.

Прва рата:  4.732 денари (најдоцна до 11. 01.2018)

Втора рата: 4.732 денари (најдоцна до 08.02.2018)

Трета рата: 4.734 денари (најдоцна до 02.03.2018)

 

 

8 ми март

Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува на секоја година на 8 ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

 

 

Рим,Италија

Посетете го “Вечниот град” Рим за 8ми март, “Градот на седум брда” или “Престолнината на светот” кој всушност е една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

 

Кратка Програма:

Ден 1

 

(8 март /четврток )   Скопје – Рим :

Состанок на групата на Александар Велики 11:40 часот. Лет за Рим во 13:50 часот . Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер  и сместување во хотел. Панорамски разглед на градот со локален водич: Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви, Плоштадот Венеција и Колосеумот… Слободно попладне за индивидуални активности, разглед, шопинг. Ноќевање.

Ден 2

(9 март / петок)    РИМ

Појадок. Можност за факултативна посета на местото Тиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Ноќевање.

Ден 3

(10 март / сабота)  РИМ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Ватикан со локален водич: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Плоштадот Навона, позната и како уметничка четврт на Рим. Посета на Пантеонот. Ноќевање.

Ден 4

11 март / четврток ) Рим – Скопје

Појадок. Одјавување од Хотелот. Трансфер до аеродром и лет за Скопје во 15:30. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот.

 

Во цената на пакетот Рим за 8ми март е вклучено:

  • Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје со Визер
  • Кабинска торба со димензии 55х40х23 до 10кг
  • Хотелско сместување во хотел 3* / 3 ноќевања со појадок
  • Разглед на Градот со локален водич
  • Трансфер аеродром – хотел– аеродром
  • Аеродромски такси
  • Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на пакетот Рим за 8ми март не е вклучено:

  • Посета на Ватикан ( влезница и локален водич ) – 45 еур – однапред се плаќа во агенцијата
  • Посета на Тиволи (влезница + трансфер + локален водич) – 50 еур – однапред се плаќа во агенцијата
  • Туристичка такса – 4 евра на ден по лице (се плаќа директно во хотелот на рецепција)
  • Задолжително патничко здравствено осигурување 180 мкд

 

НАПОМЕНИ:

  • за резервација потребна е уплата на прва рата.
  • за реализација на програмот потребен е минимум од 20 патници.
  • Во случај на промена на цената на авио превозот организаторот ќе ја корегира ценатана аранжманот.
  • За патувањето важат Општите услови за патување на ТА СТАФ 2014 и СКТМ