Рим за Нова Година 2019 – 3НП

Град се наоѓа во централно-западниот дел на Италијанскиот Полуостров, на самата река Тибер во границите на областа Лацио во Италија. Овој град бил главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римската Империја, која била доминантна сила во Западна Европа, а самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Рим бил седиште на Папата, станал главен град на Царството Италија, и главен град на Италијанската Република. Рим беше рангиран како 28ми по ред најважен глобален град. Во 2007 година, Рим беше 11ти по ред нај посетуван град во светот, 3ти нај посетуван град во границите на Европската Унија, и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните Европски градеви. Неговиот историски центар е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Музејот Ватикан и Колосеумот се помеѓу 50те нај посетувани туристички дестинации (музејот Ватикан со 4.2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим беше домаќин на Летните Олимписки Игри во 1960 година.

Рим за Нова Година 2019 – 3НП

(Пиза – Фиренца)

Посетете го “Вечниот град” Рим за нова година 2019, “Градот на седум брда” или “Престолнината на светот” кој всушност е една од најатрактивните и најпосетени европски дестинации. Рим е културно-историски центар на Италија и Европа, а стариот дел на градот е вистински музеј на отворено исполнет со остатоци од древни згради, триумфални капии, плоштади со фонтани, Цркви и Катедрали и познатиот Колосеум кој е најголемиот амфитеатар воопшто изграден во Римското Царство. Не пропуштајте ја посетата на Ватикан, на Колосеумот, Црквата Св. Петар, Шпанските скали, Виа Венето и секако фрлете паричка во фонтаната Ди Треви со желба повторно да дојдете во овој град кој ќе ви остане во незаборавно сеќавање.

 

1 ден 28.12.2018: СКОПЈЕ                                                           

Состанок на групата во 11:30ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 12:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден 29.12.2018: МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА:

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на ПизаПиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 30.12.2018: МОНТЕКАТИНИ – РИМ:

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни.  Сместување во хотел.  Ноќевање.

 

4 ден  31.12.2018: РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН:

Појадок. …Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. По Ватикан,  предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим.  Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим и дочек на Нова Година на некој од Римските плоштади. . Ноќевање.

 

5 ден  01.01.2019 РИМ – ФИРЕНЦА:

Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

 

6 ден 02.01.2019: СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во вечерните  часови.

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2018: 229  / 14.200 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  249  / 15.440 денари

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ РИМ ЗА НОВА ГОДИНА 2019 ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје– Рим- Минтекатини – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)
  • 1 ноќевање во хотел 3* НП воМонтекатини
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ РИМ ЗА НОВА ГОДИНА 2019 НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување – 190 мкд
  • Вечерна посета на Пиза – 15 €
  • Разглед на Рим со локален водич – 15 €
  • Факултативна посета на Ватикански музеи, со влезница, водич, превоз – 50 €*( резервација при уплата)
  • Влезница за Базилика Св.Петар. 5 €*
  • Факултативна посета на Тиволи 25 €*
  • Rome by night излет 15 €
  • Задолжителна посета на Фиренца 20 €
  • останати влезници, метро карти
  • еднокреветна соба 4.960 денари
  • туристичка такса за ноќевање во Монтекатини ( 3 евра , се плаѓа на рецепција)
  • туристичка такса за ноќевање во Рим( 6 евра по лице на ден , се плаѓа во агенција)

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место  на поаѓање.

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК

 

Рим Рим Рим Рим Рим-Ватикан Рим-Колосеум Рим-Стар-Град ВО РИМ Рим-Ватикан Рим-Триумфална Рим Рим Рим-Колосеум Рим Рим-Фонтана Ди Треви Рим-Фонтана Ди Треви Рим Рим-стар град Rim Рим Рим Рим Рим-Piazza Navona