РИМ за денот на вљубените (индивидуално патување)

Главниот град на Римското Кралство, Римската Република и Римската Империја, која била доминантна сила во Западна Европа, а самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Рим бил седиште на Папата, станал главен град на Царството Италија и главен град на Италијанската Република. Рим беше рангиран како 28ми по ред најважен глобален град. Во 2007 година, Рим беше 11ти по ред најпосетуван град во светот, 3ти најпосетуван град во границите на Европската Унија и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните Европски градеви. Неговиот историски центар е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Музејот Ватикан и Колосеумот се помеѓу 50те нај посетувани туристички дестинации (музејот Ватикан со 4.2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим беше домаќин на Летните Олимписки Игри во 1960 година.

РИМ за денот на вљубените 

11.02.2018 – 15.02.2018 

цената на аранжманот до 15.12.2017 изнесува: 169 евра / 10.478 денари 

цената на аранжманот по 15.12.2017 изнесува: 219 евра / 13.578

 

индивидуално патување

Авион –  4 ноќевања
Предлог програма:
Ден 1
11 февруари  Скопје – Рим :

Индивидуален трансфер до аеродромот во Скопје. Лет од Скопје за Рим во 13:15 часот. Пристигнување во 15:00 часот. Индивидуален трансфер  и сместување во хотел. Препорачуваме панорамски разглед на градот: Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корсо, Фонтана ди Треви и Плоштадот Венеција… Слободно попладне за индивидуални активности, разглед, шопинг. Ноќевање.

Ден 2
12 февруари    РИМ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Плоштадот Навона, позната и како уметнички четврт на овој град. Посета на Пантеонот. Ноќевање

Ден 3
13 февруари  РИМ

Можност за пријатна прошетка низ градот со метро и посета на црквите Сан Џовани Латерно,  Сан Пјетро ин Винколи, Колосеумот со Римскиот форум … Вечерта, прошетка во квартот Трастевере. Ноќевање.

Ден 4
14 февруари РИМ

Појадок. Слободно време за индивидуални активности факултативна посета на паркот Тиволи и прекрасната Вила Д’Есте со нејзините илјада фонтани. Ноќевање.

Ден 5
15 февруари Рим – Скопје

Појадок. Одјавување од Хотелот. Индивидуален трансфер до аеродром и лет за Скопје во 15:30 часот. Пристигнување во Скопје во 17:05 часот. 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено:
  • Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје
  • Рачен багаж максимум 10 кг ( 55х40х23)
  • Хотелско сместување во хотел 3* (во непосредна близина до центарот на Рим)
  • 4 ноќевања со појадок
  • Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на пакетот не е вклучено:
  • Туристичка такса – се плаќа директно во хотелот на рецепција: 4 евра на ден по лице
  • Аеродромски такси 40 евра – 2.480 денари
  • Трансфер аеродром – хотел– аеродром
  • Задолжително патничко здравствено осигурување 180 мкд

 

Дополнителни трошоци и трошоци за посета на знаменитости:
  • Индивидуален трансфер од аеродром до центарот на РИМ: 10 евра со автобус / повратен билет
  • Цена на билет за метро: 1.5 евра во еден правец / 7 евра за 24 часа / 18 евра за 72 часа
  • Посета на Ватикан ( влезница и локален водич ) – 45 евра
  • Влезница за Колосеумот 12 евра

 

Напомена:
  • Цената на аранжманот може да подлежи на промени доколку има промена на авионските билети или хотелското сместување на денот на резервација.
  • За резервација, потребна е уплата од 50% од вкупната сума. Доплата се врши најдоцна 14 дена пред поаѓање.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Цените се дадени во евра, а уплатата се врши во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
  • За реализација на ова патување, потребни се минимум 2 патници.
  • За ова патување важат општите услови на СКТМ.

 

Рим    

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК