Прага за 8-ми Март 3НП

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Прага за 8-ми Март 3НП

Термин 07 Март

1 ден 07.03.2019 СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата на паркингот спроти хотел Holiday Inn во 13.00 часот. Тргнување за Прага во 13:30 часот. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 2 ден 08.03.2019ПРАГА:

Пристигнување во Прага околу пладне. Панорамски разглед на градот со стручен локален водич: Старо место: Карловиот мост, споменикот на Карло IV, Вацлавскиот плоштад, Староградскиот плоштад со познатиот астрономски часовник – Орлој, градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло IV, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито, Претседателската палата… Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.03.2019ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ:

Појадок.Факултативен излет до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културна елита од 19-ти век. Можност за посета на еден од 12-те извори, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови, кафеани. Надалеку познати се локалните производи од порцелан, стаклото “мосер”, како и ликерот “беќеровка”. Враќање во Прага во попладневните часови. Вечерта,факултативно крстарење со брод по реката В‘лтава. Ноќевање.

4 ден 10.03.2019: ПРАГА – ДРЕЗДЕН:

Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден – четвртиот по големина, урбан град во Германија, после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето изонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеи), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост… Враќање во Прага во вечерните часови. Препорачуваме посетна на национален ресторан – пивница. Ноќевање.

ден 11.03.2019 : ПРАГА – ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Виена. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Oперата, Парламентот, Музејот на современа уметност, Градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, црквата Вотив, зимскиот дворец Хофбург. Слободно попладне до тргнување за Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Унгарија и Србија со куси попатни паузи.Пристигнување во Скопје следниот ден во предпладневните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2019: 149€  / 9.240 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169€ / 10.480 ден.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ПРАГА ЗА 8-МИ МАРТ ВКЛУЧУВА

– Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

– Сместување во хотел Fortuna West 3* ** во Прага на база 3ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Прага

– Организиран разглед на Виена

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ПРАГА ЗА 8-МИ МАРТ НЕ  ВКЛУЧУВА

– Крстарење по В’лтава 15 евра

– Факултативна посета на Дрезден 30 евра

– Излет до Карлови Вари 25 евра

– Задолжително патничко-здравствено осигурување

– Вечера во национален ресторан – пивница

 

 

НАПОМЕНИ

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање

 

Прага за 8-ми Март

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 8-МИ МАРТ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК