Париз | Прага | Минхен 4НП – Нова Година 2019

Париз – главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.
Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.
Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.

Париз | Прага | Минхен 4НП – Нова Година 2019

Париз, “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во Париз, градот каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи се по замрзнатото лизгалиште под ведро небо.

 

1 ДЕН 28.12.2018 СКОПЈЕ-ВИЕНА

Состанок на групата во 11.30ч  на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00ч..Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

 

2 ДЕН  29.12.2018 ВИЕНА-ПРАГА

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

3 ДЕН  30.12.2018 ПРАГА-ПАРИЗ

Појадок. Претпладне, факултативно  панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј.По разгледот,  препопрачуваме крстарење по реката В’лтава.Слободно попладне. Поаѓање  кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

 

4 ДЕН  31.12.2018 ПАРИЗ

Во  утринските  часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља,Универзитетската четврт,Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот,Домот на Инвалидите, Елисејските полиња,Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Попладне препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Дочек на Нова Година на Елисејските полиња.  Враќање во хотел .

 

5 ДЕН  01.01.2019ПАРИЗ (ВЕРСАЈ)

Појадок.  Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот.  Веднаш потоа,  Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

 

6 ДЕН  02.01.2019ПАРИЗ-(ЛУВР)- МИНХЕН

Појадок.  Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посета та на Лувр, моѓност за организирана прошетка низ мнајпознатата париска авенија  Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.

 

7 ДЕН 03.01.2019 МИНХЕН

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ ( пиво и свински коленици).  Сместување во хотел. Ноќевање.

 

8 ДЕН  04.01.2019 МИНХЕН-САЛЗБУРГ-СКОПЈЕ

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел : Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.

Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

 

9 ДЕН  05.01.201СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2018: 279  / 17.300 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299  / 18.540 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Прошетка низ Виена
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Париз(околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен(околина)
  • Прошетка низ Минхен
  • Низ Салзбург
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер во еден правец на 28 Дек, од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови,

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  300 денари
  • Разглед на Прага со локален водич  10 €
  • Крстарње по Влтава 15€
  • Разглед на Париз со локален водич 15 €
  • Версај(превоз,влезница,лок водич) 45 €

(задолжителна резервација при уплата)

  • Лувр(влезница) 20 €
  • Крстарење по Сена 15€
  • Срцето на Париз 10€
  • Билети за градски превоз, Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 6.200 ден

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди место и час на поаѓање.

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК

 

во Париз