Париз за денот на вљубените

Париз – главен град на Франција, а воедно претставува и административен, политички, стопански, културен и образовно-научен центар на таа земја. Градот лежи на бреговите на реката Сена во северниот дел на Франција, во регионот Ил де Франс т.е. парискиот регион.
Големината на градското подрачје е ограничено уште во 1860 година и поради тоа Париз е со константен број на население од околу 2.200.000 жители. Меѓутоа во поширокото градско урбано опкружување, живеат над 12 милиони жители и со тоа овој регион е еден од најнаселените региони во Европа, по регионите околу Москва и Лондон.
Париз веќе неколку столетија наназад има значење за економијата, културата, политиката, образованието, уметноста и науката во светот. Во најново време Париз е и седиште на високата мода, модните брендови, како и луксузот и естетиката на живеењето.

ПАРИЗ

Колку и да сте креативни при изборот на подароци за саканата личност, ниеден подарок нема да биде поубав од патувањето во Париз за денот на вљубените. Без разлика на тоа колку долго ќе трае Вашата посета на овој град, во моментот на заминување ќе знаете со сигурност дека еден ден повторно патот ќе Ве доведе токму тука, во Париз, “градот на светлината”.

Париз, “градот на светлината” со право го носи овој епитет. Со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости претставува еден од најкомплетните градови на Светот. Градот на модата, француските револуции, богат со историја и култура. На секое споменување на неговото име, никој не останува рамнодушен. Просто е невозможно да не се заљубите во овој град, каде преовладува стилот, каде рестораните и ноќниот живот ветуваат уживање. Во есен, брзата прошетка од Ајфеловата Кула преку Марсовите полиња до Елисејските полиња, претставува вистинско задоволство. Во зимските ноќи пак, загрејте се лизгајќи се по замрзнатото лизгалиште под ведро небо.

 

Предлог програма: Дата: 13.02-17.02.2019

1 ден:  Прошетајте по плоштадот Конкорд, плоштадот Вандом, посетете ја Операта, музејот Лувр, црквата Нотр Дам, Елисејските полиња, Домот на Инвалидите, Ајфеловата Кула… Во вечерните часови уживајте во Латинскиот кварт.

2 ден:  Започнете го Денот на вљубените со крстарење по Сена со чаша шампањ и завршете го  со романтична вечера на Елесејските полиња во некој од француските традиционални ресторани.

3 ден:  Препорачуваме посета на најбогатиот музеј во светот – Лувр. Прошетката може да продолжи по Авенијата „Champs Elysees”, Триумфалната Капија, плоштадот Конкорд, Центарот Помпиду, Богородичната црква – Катедралата Нотр Дам. Вечерта е идеална за прошетка низ уметничкиот кварт Монмартр со посета на базиликата „Sacre Coeur“, а крајот на вечерта издвојте го за Mулен Руж.

4 ден:  На ден пред заминување препорачуваме посета на Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најзначајните дворци во светот.

5 ден:  Приватен трансфер. Препорачуваме два часа пред лет да бидете на аеродром

 

Цена од:  265 еур (16.430 мкд)

 

Во цената на аранжманот Париз за денот на вљубените е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Париз-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 3* -услуга 4 ноќевања со појадок (предлог хотел Pavillon Courcelees Parc Monceau Hotel 3*, на 4км од центарот на Париз)

 

Во цената на аранжманот Париз за денот на вљубените не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 17 еур шатл бус; 100-120 еур такси, метро карта 1,60 еур, карнет карта за 10 возења 11.50 еур)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 10 еур на ден  (информативно, се плаќа во хотел)

 

Летови: Среда  и Недела

Скопје-Париз Бове  17:55-20:40

Париз Бове-Скопје  21:15-23:55

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

Погледнете ги и останатите наши понуди на следниов линк

 

 Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз Париз ПаризПариз