Нови Сад за Нова Година 2019

Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград. На најновиот попис од 2011, градот има урбано население од 277.522‏, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора. Надморската височина на рамничарскиот дел на градот е од 72 до 80 метри, а градот се наоѓа помеѓу 1.252 и 1.262 километар од течението на Дунав.

Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил прекарот Српска Атина. Денес, Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.

Нови Сад за Нова Година 2019

Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина и административен центар на Јужно-бачкиот округ. Градот е поврзан со предградијата Сремска Каменица и Петроварадин, кои заедно со 13 други населени места (меѓу кои, Футог, Ветерник, Лединци и Буковац) се дел од новосадската општина.

 

1 ден  30.12.2018  Скопје – Нови Сад

Состанок на групата во Скопје. Патувањето води преку граничен премин Табановце со Царински формалности и  попатно планирана пауза по договор.  Пристигнување во Нови Сад во пладневни часови. Разгледување на Нови Сад со локален водич: Петроварадинска тврдина, разглед на најстарите улици Дунавска и змај Јован,црквата Св.Ѓорѓи,градска куќа,Плоштадот на слободата…. Слободно време за ручек и индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме во хотел. Ноќевање.

 

2 ден 31.12.2018  Нови Сад

Појадок. После  појадокот следува прошетка  и посета на  шопинг  центар во близина на Нови Сад, слободно време за ручек и индивидуални активности. Во попладневните часови по желба користење на

спа –центар (базен и сауна). Одмор и припрема за  дочек на Новата 2019 година. Ноќевање.

 

3 ден 01.01.2019  Нови Сад   –   Скопје

Доцен појадок. Одјавување од хотелот. Се упатуваме кон Белград. Прошетка на Белград и слободно време за ручек и индивидуални активности. Поаѓање за Скопје со попатни паузи за одмор по договор, пасошка и царинска контрола. Пристигнување во доцни вечерни часови.

 

Цена по лице  :   

Рана уплата   189 евра /11.718  денари  крај на ноември 2018        

Редовна цена  199 евра/12.338 денари

 

Во цената Е вклучено:
  • Превоз со висико туристички автобус
  • Две ноќевања со појадок на база на шведска маса  во хотел Парк 5 *
  • Туристичка такса
  • Разглед на Нови Сад со локален водич
  • Разглед на Белград
  • Свечена Новогодишна вечера
  • Коктел за добредојде,свечена вечера на база на шведска маса со пијалоци,
  • Шампањ на полноќ со бенд во живо и многу изненадувања.
  • Користење на СПА центар (базен и сауна), детско катче.
  • WI-FI,паркинг за автомобили  и автобуси

 

Во цената не е вклучено :
  • Патничко осигурување

 

Напомена:
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК