🎉 Нова Година 2019 во БУКУРЕШТ 🎊

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.

Нова Година 2019 во БУКУРЕШТ и откривање на мистичната Трансилванија

28.12-02.01.2019

Цена на аранжманот  145 евра / 8.990 денари

First Minute цена 120 евра / 7440 денари ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.10.2018

 Промо цена 130 евра / 8060 денари ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.11.2018

Дали сте спремни за Нова Година 2018 во БУКУРЕШТ? Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Трансилванија. Раскажете една поинаква новогодишна приказна. Одлична можност да ги посетите и доживеете замоците на Трансилванија на еден поинаков начин, покриени со снежна покривка.

 

Ден 1

 28.12.2018 Петок

Собир на групата кај Дрво декор на паркингот наспроти Хотел Холидеј Инн, во 17:30 часот. Поаѓање кон Романија во 18:00 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија.

Ден 2

 29.12.2018 Сабота

Очекувано пристигнување во утринските часови во Романија и директно се упатуваме кон замокот Бран.

БРАН  “домот на Дракула”

Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

БРАШОВ

По разгледот на Замокот Бран се упатуваме кон готскиот град Брашов, лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.

Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242год.

Слободно време за прошетка.

После прошетката се упатуваме кон хотелот во Букурешт. Сместување во вечерните часови.

Ноќевање.

Ден 3

30.12.2018 Недела

Појадок. Во 09:30 часот се упатуваме кон Синаиа и замокот Пелеш– (Факултатива – 25 евра). Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилваниа и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.

По разгледот на оваа магична палата, во попладневните часови се враќаме во Букурешт.

22:00#CITY MADNESS Организирана прошетка во стариот дел на градот популарен по многубројните барови и кафулиња. Заеднички ќе посетиме повеќе барови, ноќен клуб, со организиран превоз и придружник – (Факултатива – 5 евра)

Ноќевање.

 

Ден 4
31.01.2018 Понеделник

Појадок, 09:00 и се упатуваме на разглед на Букурешт со локален водич.

Плоштадот на Револуцијата

Во 10 часот одиме на разглед на Букурешт со водич. Плоштадот на Револуцијата е почетното место на нашата тура од кое се запознаваме со неизбежната богата историја на Букурешт. Овој плоштад стана светски познат кога ТВ станиците насекаде низ глобусот ги пренесоа последните моменти на власт на Николај Чаушеску. Точно тука, од својот балкон на поранешните простории на Комунистичката партија, тој сведочеше во неверување како бесната маса на луѓе се свртува против него. Протестот избега од контрола, а Чаушеску избега од него со својот хелихоптер. Плоштадот е опколен со важни знаменитости: Кралската Палата која денес е Национален Музеј на уметност, Романскиот атенеум кој е седиште на филхармонијата, Централната Универзитетска библиотека, црвената црква Крецулеску и почетокот на фамозната авенија Викторија.

Calea Victoriei

Продолжуваме со кратко возење по авенијата Calea Victoriei, најстарата и најшармантната улица, порано позната како “Големата Улица „ или „Брашов пат“ заради тоа што била дел од трговската рута која водела од Букурешт до градот Брашов, во Трансилваниа. Оваа улица е идеалната рута по која се гледаат најважните историски знаменитости и споменици на архитектурата кои го претставуваат Букурешт: Палатата ЦЕЦ, Националниот музеј на Историја, Палатата на националниот војнички круг, Музејот на уметност и секако плоштадот Викторија со своите атракции. Паралелно од нас мирно тече притоката на Дунав, реката Дамбовица. Повторно застануваме на еден од најголемите плоштади во центарот на градот, плоштадот Унири, од каде ги посетуваме Метрополитската црква- Патријаршијата, инспирирана од манастирот Куртеа де Агрес , со византиски ентериер и импозантни иконостаси, како и седиште на врховниот водач на православната Романска црква.

Куртија Веке

Слободно време за разглед на најстариот дел од градот Куртија Веке, изграден во периодот на владетелот Влад Цепеш Трети – Дракула, проширен во денес познатата шармантна област Липскани. Во историскиот дел од оваа област во кој се пронајдени докази за староседелците на Bukuresti , се верува дека подземно имал зандани во кои Влад Дракула ги чувал своите затвореници. Денес на тоа место се останати аркади, гробници, коринтска колонада и стари ѕидини како и најстарата Црква, која 2 века служела за крунисување на Романските принцови. Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Парламентот

Собирање на групата на договорено место и продолжување кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. 15 мин. слободно време за фотографирање со импозантното архитектурно дело.

Вечерна организација:

·              22:00 –WARM UP & FIREWORKS

Придружување на атмосферата на еден од плоштадите во Букурешт. Дочек на Нова Година 2018 во Букурешт со огнено шоу.

·              00:30 – НОВА ГОДИНА 2019 – AFTER PARTY

Забава до утринските часови во популарен, локален ноќен клуб (факултатива)

·              4:30 – превоз назад во хотел.

Ноќевање.

Ден 5

01.01.2019 Вторник

Доцен појадок во хотел и се упатуваме во трговски центар каде што имаме слободно време околу два часа.

Во 14:00 часот тргнување за Македонија..

Очекувано пристигнување во Скопје, раните утрински часови во среда.

 

 

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Автобуски превоз Скопје – Романија – Скопје
  • 3 Ноќевања со појадок во HOTEL SIR ORHIDEA  2**

( на 5мин. одалеченост од метро станица, McDonalds, Starbucks i Subway)

  • Разглед на градот – Букурешт со водич
  • Трансилваниа тура –Посета на замокот Бран со придружник
  • Посета и разглед на градот Брашов
  • Туристичка такса
  • Пратител во текот на целото патување
  • Организација на Новогодишна Прослава на плоштад со превоз

Цената не вклучува:

  • Организирана вечерна факултативна посета на стариот дел на градот со превоз и придружник – 5 евра.
  • Влезница во замокот Бран – регуларна цена 8 евра; за студенти 5 евра.
  • Синаиа тура – Посета на местото Синаиа и замокот Пелеш 25 евра факултатива; за студенти 20 евра
  • Патничко осигурување – 180 денари
  • Дочек на Нова Година во дискотека

Напомена:

  •  За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  •  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  •  Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  •  Цените се дадени во евра, уплата се  врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  •  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Нова Година 2018 нова година 2018       

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК