Нова Година 2019 во БЕЛГРАД – (сигурна реализација)

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.

Нова Година 2019 во БЕЛГРАД

Занимливо е да споменеме дека еден од најпознатите светски туристички водичи Lonely Planet, ја објави листата на светски градови по разновидноста и понудите за ноќен живот и забава, каде несомнено на првото место на светско ниво е рангиран токму Белград. Приматот го носи токму поради рестораните, баровите и клубовите како и добро познатите сплавови на реките Дунав и Сава, и би рекле секако поради ентузијастичкото домашно население кое придонесува за пријатна атмосфера и добра забава.

 

Програма за патување:

Ден 1
30.12.2018 (недела) Скопје – Белград

Состанок на групата во 03:00 на паркингот спроти хотел Holiday INN. Тргнување за Белград во 03:30. Патување во раните утринските часови со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Сместување во хостел или хотел. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови факултативно присуство во некоја од белградските клуб-кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот на забавата. Ноќевање.

Ден 2
31.12.2018 (понеделник) Белград

Можност за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание, плоштад Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски кварт), по разгледот организирана дневна забава. Враќање во хотел или хостел. Подготовки за најлудата ноќ. Факултативен дочек на Новата 2019 година во Белградските клубови.Ноќевање.

Ден 3
01.01.2019 (вторник) Белград – Скопје

Напуштање на хотелот или хостелот. Враќање за Скопје во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНИ И СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ        ЦЕНИТЕ ВАЖАТ ЗА УПЛАТА ДО 17.11.2018

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

30.12.—01.01.

ХОСТЕЛ КАРАЏОРЏЕ

1/5

79 

1/4

85 

1/3

89

1/2

95

ХОСТЕЛ ЗМАЈ

1/6

69 

1/5

75 

1/4

79

1/3

85 

ХОТЕЛ ПРЕСТИЖ 3*

1/3 СО ПОЈАДОК

105 

1/2 СО ПОЈАДОК

115

 

Хостел Караџорџе

Хостел Караџорџе се наоѓа во Звездара, во близина на Булеварот Крал Александар. Одалечен е 4 км од центарот на Белград. Секоја соба има сопствено купатило.

Хостел Змеј

Хостел Змеј се наоѓа во самиот центар на Земун, на 5 км од центарот на Белград, а на 2 км од шопинг центарот Ушче. Хостелот располага со 1/6, 1/5, 1/4 и 1/3 соби. Две соби делат едно купатило.

Хостел Престиж

Хотел Престиж Анекс 3*, се наоѓа на 5 километри од центарот на Белград. Лоциран е на мирна локација, окружен со најпознатите белградски паркови. Anex делот од главната здрада е одалечен  30 метри. Сите соби имаат сопствено купатило, TV. Доручекот се служи во главата зграда од хотелот.

 

Цената е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Две ноќевања во хостел (без доручек) или две ноќевања во хотел (со доручек) во двокреветни или повеќекреветни соби во Белград.
  • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

Цената не вклучува:

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса од 1.5 евро / 90 денари по ден
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

Напомена:

  •  За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  •  За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  •  Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  •  Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  •  Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК

 

Белград