Милано – Италија (авионски)

“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

Милано – Италија

Милано – Италија, историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

 

Предлог програма:

Ден 1

Препорачуваме разглед на градот-замокот Сфорца, некогашната резиденција на миланските војводи, плоштадот Дуомо и катедралата Дуомо, најголемата катедрала во Италија и петта по големина во свет, Galleria Vittorio Emanuele, Миланската скала.

Ден 2

Посета на црквата “Santa Maria della Grazzie”, во чија близина се наоѓа едно од ремек делата на Леонардо Да Винчи-“Последната вечера”. Предлагаме прошетка по каналот “Navigli”, а вечерта вклучете се во една од ноќните тури за разглед на градот.

Ден 3

Ден предвиден за најпознатиот шопинг. Во самиот центар на Милано до катедралата Дуомо, се наоѓа познатиот трговски центар Galleria Vittorio Emanuele II, потоа низ златниот четврт улиците Via Montenapoleone, Via Gesu, Via St.Andrea и Via Santo Spirito, да завршите кај улиците Corso Venezia и Corso Buenos Aires.

Ден 4

Слободно време. Ви препорачуваме да го посетите и најубавиот спортски објект-стадионот San Siro.

Ден 5

Слободно време. Приватен трансфер до аеродромот во Беграмо. Ви препорачуваме да бидете на аеродромот два часа пред поаѓање.

 

 Цена од:  152 еур (9.424 мкд)

 

Дати:

26.11-30.11.2018

03.12-07.12.2018

 

Во цената на аранжманот Милано – Италија е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Милано-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 2*/3* -услуга 4 ноќевања со појадок или наем на соба (Предлог хотел Convertini 2* на 5км од центарот)

 

Во цената на аранжманот Милано – Италија не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 8 еур шатл бус; 60 еур такси)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 3 еур на ден по лице (се плаќа во хотел)

 

Летови: Понеделник и Петок
  • Скопје-Милано  13:20-15:20
  • Милано-Скопје  15:50-17:50

***Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА