МИЛАНО – градот на високата мода (Aвионски) – (сигурна реализација)

“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

МИЛАНО

градот на високата мода

Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет…во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

 

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Ден 1

16 ноември (петок) СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.40 часот. Авионот за Милано полетува во 13.20, слетува во 15.20 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Слободно време за запознавање на елитниот град, еден од најразвиените урбани центри во Европа, модната престолнина што стои рамо до рамо со Њујорк, Лондон и Париз. Ноќевање.

Ден 2

17 ноември (сабота) МИЛАНО

Појадок. Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови. Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад – октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија – Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети… Ноќевање.

Ден 3

18 ноември (Недела) МИЛАНО– ЛУГАНО – КОМО

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Лугано, гратче во Швајцарија, на брегот на езерото Лугано под Алпите. “Швајцарско Монте Карло” назив кој го добил заради развиеното банкарство и богата понудата за забава. Прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува во посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, каде светскиот џет сет има свои вили, а филмските режисери ги направиле своитенајдобри филмски остварувања, као што е Џејмс Бонд – Казино Ројал. Враќање во Милано. Посветете “малку” време и на шопинг во центарот на модата, бидете дел од модната култура… Ноќевање.

Ден 4

19 ноември (Понеделник) МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. Можност за посета на стадионот “Сан Сиро”. Трансфер до аеродромот Малпенса. Авионот полетува во 15.50, а пристигнувањето во Скопје е во 17.50 часот на аеродромот Александар Велики.

 

За уплата до 27 Октомври: 199 евра (12.350 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.440 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје

– Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано

– Сместување во Хотел 4* во Милано на база 3 ноќевања со појадок

– Организиран разглед и прошетки во Милано според програмата

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 3.100 денари

– Голема кабинска торба (со димензии 55х40х23см) 1.600 денари или багаж за чекирање (1 куфер до 23 kg) 3.100 денари

– Посета на Лугано и Комо 55 евра

– Туристичка такса 5 евра на ден (се плаќа во хотелот)

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

– Патничко – здравствено осигурување 250 денари

 

 

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници. Факултативните излети ќе се реализираат доколку се исполни минимумот од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

Начини на плаќање:

– Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

 

Општи напомени за патување:

– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА