ЛОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА ЛЕТО 2018

Кралството Шпанија е сместено на југозападот од Европа, завзема најголем дел од Пиринејскиот полуосторов. Шпанија на јужниот и источниот дел излегува на Средоземното море, додека северниот и северозападниот дел излегува на Атланскиот океан. Шпанија е европска држава која по својата место положба е најблиску до африканскиот континент. Средоземната обала од Шпанија има најмогу сончеви часови во Европа, поради што ја прави една од најпоседените туристички дестинации во Европа.

ЛОРЕТ ДЕ МАР

ШПАНИЈА ЛЕТО 2018

Лорет де Мар – “Цвет на море”, е туристички центар во шпаанскиот регион Коста Брава (Дивата обала). Коста Брава е регион кој се простира во североисточна Катанија, од француската граница до Барселона. Медитеранскиот брег се протега во правец север – југ, во должина од 200 километри.

Самата локација на Коста Брава е идеална за посета и разглед на Барселона, која се наоѓа во непосредна близина. Денеска Барселена е модерен град, со широки булевари и просторни плоштади, монументални споменици и големи пристаништа. Ова е град на еден од најголемите фудбалски клубови во светот.

Место кое не треба да се пропушти да се посети секако е и шеталиштето Лас Рамблас, на кое се наоѓа и пазарот Ла Бокерија на кој може да најдете зачини и овошје од целиот свет. На крајот од шеталиштето се наоѓа и споменикот на Кристофер Колумбо, од каде имате преубав поглед на морето.

Долгите песочни плажи, преубавата обала на Средоземното море во комбинација со прекрасната природа, медитерснската клима, големиот број сончеви часови и богатото културно наследство, го прават едно од најатрактивните летувалишта во Шпанија, но и во Европа. Тука летото е топло, но подносливо, плажите се песочни и чисти, што дури пет лажи се носители на Плаво знаменце, меѓународно признание за квалитет, а најголема плажа е Санта Марија.

По должината на плажата се лоцирани голем број барови, ресторани и кафичи во кој можете да направите пауза и да се сокриете од сонцето. Овој топол и темпераментен медитерански град ќе Ви овозможи на Вас се она што сте очекувале од Шпанија: сонце, сангрија, и добар провод со незаборавниот фламенко. За љубителите на добрата забава и музика, имаат голем број дискотеки и барови кои им пружаат одлична забава до раните утрински часови.

 

Програма:
1.Ден / Скопје – Белград – Србија – Хрватска – Словенија – Италија – Франција:

Состанок на гурпата на договорената локација во Скопје, тргнување во утринските часови. Следува возење преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија со попатни паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формуларности.

2.Ден / Италија – Кавалино- Венеција (факултативно):

Во раните утрински часови пристигнување во туристичката зона Кавалино. Слободно време или факултативно возење со брод до Венеција. Разглед на градот: Дуџева палата, Базиликата Свети Марко, Плоштадот Св. Марко, Torre del Orologio, мостот на Воздишките… Останување во Венеција до доцните попладневни часови. После разгледот и слободното време, враќање до Кавалино и тргнување за Шпанија. Ноќно возење преку Италија, Франција и Шпанија со кратки паузи заради одмор и освежување…

 3.Ден / Шпанија – Лорет де Мар:

Во утринските часови пристигнување во најпознатот летувалиште Коста Брава – Лорет де Мар. Сместување во хотел до 14 часот. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

4-9.Ден / Лорет де Мар – Коста Брава:

Вашиот одмор во Шпанија ќе го направиме незаборавен со програмата на факултативни излети: Барселона панорама, Фламенко, Барселона by night, Port Aventura, Costa Brava, Далиевиот музеј, Nou Camp, BCN Aquarium… После предвидените излети, летувањето може да го искористите во уживање во бањање, одмарање и сончање на преубавите песочни плажи на Коста Брава или во провод во ноќниот живот на Лорет де Мар и Барселона.

10.Ден / Лорет де Мар – Барселона – Магични фонтани (факултативно) – Шпанија – Франција:

Појадок. Напуштање на хотелот и пакување на работите во автобус. Слободно време во Лорет де Мар до доцните вечерни часови или можност за факултативен излет за Барселона, каде што ќе уживаме во преубавиот Читадела парк или да го откриеме мистичниот Готички кварт. Во вечерните часови кога ќе падне мрак, на најубав начин ќе се збогуваме со Барселона, не заборавна престава која нас ќе ни ја приредат Магичните фонтани. Следува враќање кон Лорет де Мар и ноќно возење преку Шпанија и Франција…

11.Ден / Франција – Азурен Брег – Грас – Ница – Италија – Словенија – Хрватска – Србија:

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Пристигнување во Грас – познат по непрегледните полиња на лаванди и ружи. Разглед на фабриката за парфеми и ги откриваме тајните на најпознатите светски парфеми. После тоа следува заминување до на најпознатото монденски летувалиште –Ница: Англинското шеталиште, Стариот град, плоштадот Масена, цветниот пазар, тврдината на ридот од каде имате фантастичен поглед на градот… Слободно време до вечерните часови. Трегнување за Кнежеството Монако. Следува на разглед на преубавиот град: Палата Грималди, Катедралта, Океанографскиот музеј, патеката за Формула 1. Потоа следува посета на магичниот град на коцката, прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. После прошетката на малата монденска држава следува ноќно возење и продолжување на патувањето преку Франција, Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи заради одмор и регулирање на граничните формалности.

12.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

СМЕСТУВАЊЕ ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 05.07-16.07- 12.07.-23.07 19.07-30.07. 26.07.-06.08. 02.08.-13.08. 09.08.-20.08.
ХОТЕЛ МОНТАНАМАР 3* 1/4 355€ 365€ 370€ 375€ 375€ 365€
1/3 365€ 375€ 380€ 385€ 385€ 375€
1/3 385€ 395€ 400€ 405€ 405€ 395€
1/2 385€ 395€ 400€ 405€ 405€ 395€
1/2 405€ 415€ 420€ 425€ 425€ 415€

 

Хотел Монтанамар – е сместен на мирна локација, во летувалиштето Лорет де Мар. Хотелот во својата понуда има отворен базен и бесплатен Wi Fi. Собите во Хотелот се едноставно и функционално уредени. Хотелот има бар и ресторан со услуга на база шведска маса. Можност за доплата на сеф. Собите не поседуваат фрижидер, кој воедно не е достапен во хотелите со 3* во Лорет. Standart собите имаат можност за доплата на клима уред, додека economy собите ја немаат таа можност. Секоја standart соба има тераса, додека economy собите може да бидат без тераса или со помала тераса. Појадокот и вечерата се исклучиво спецајалитети од шпанска и интернационална кујна. На рецепција може да се изнајмат велосипеди. Во склоп на хотелот може да играте пинг понг и снукер. Плажите и местата за ноќен живот се одалечени на само 10-15  минути од хотелот. Терените за голф се наоѓаат во близина хотелот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
  • 7 ноќевања на база полупансион (појадок+вечера) 1/2, 1/3 или 1/4 соби во Хотел Montanamar 3* во Лорет де Мар во Шпанија
  • Автобуски превоз од високо туристичка категорија (ТV, DVD, aудио и видео опрема, А/C) на релација Скопје – Лорет де Мар-Скопје, по програмата
  • Водич за групата за цело време на аранжманот
  • Ораганизација на патувањето во целост

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 550 денраи – плаќање во агенција
  • Туристичка такса за Каталонија (0.50 евра по ноќ) која се плаќа на рецепција во хотелот при влегување во соба
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

 

  

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018