КУШАДАСИ Hotel West Ada Inn – ТУРЦИЈА ЛЕТО 2018

Турција е земја која со поголемиот дел се простира на западна Азија и со некои 3% на југоисточна Европа. Се наоѓа на обалата на Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно Море. Таа претставува земја на контрасти, од една страна настојува да ги зачува традицијата и обичаите, а од друга страна, со нетрпение брза во современата иднина. Земјата која ги спојувата истокот и западот, два континенти, била дом на многу значајни култури и светски цивилизации повеќе од десет илјади години. Многумина ја нарекуваат колевка на цивилизацијата, а ископините кои сведочат за траговите на човечкото постоење уште од времето на неолитот не враќаат назад 6.500год. п.н.е. Од тогаш па се до современото време на овие територи поминале многубројни цивилизации и култури, оставајќи видливи траги секоја од нив. Денес Турција има површина од 780.580 квадратни километри. Во последните години туризмот доживеа голем пораст, и денеc Турција се вбројува во првите топ 20 дестинации во светот.

Прекрасните пејсажи на смарагдно зелените заливи, километрите песочни плажи, бистрата тиркизна вода, традиционалната кујна, медитеранската клима, крстарењата, луксузните хотели годишно привлекуваат повеќе од 27 милиони туристи од целиот свет.

КУШАДАСИ

ТУРЦИЈА ЛЕТО 2018

Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската обала, но и место каде непрекинато доаѓаат патнички бродови од каде туристите идат да го видат древниот Ефес. Покрај пристаништето се наоѓаат и ѕидините на Стариот град (Caravanserai), во кој се сместени голем број на работилнице, ресторани и места за ноќен провод. Одма поред него се наоѓа Островот на птиците, шарматно островче на кое се наоѓа мала тврдина, како и неколку кафичи и барови. Под островот се наоѓа нова марина во која пристигнуваат јахти од целиот свет. Од таму градот почнува да се шири со голема брзина и секоја година има се повеќе и повеќе хотели, покрај обалата и низ брдата кои го опкружуваат градот. За младите тука е и позната Bar street, каде баровите работат секоја вечер и гарантираат феноменална забава во текот на летувањето.

Hotel West Ada Inn 3*,  (Yuksel Yalova Cad No 21 Kadinlar Denizi, 09400 Kušadasi) е потполно реновиран во 2011. година. Се наоѓа на 3 километри од центарот на Кушадаси, а на 500 метри од Ladies Beach од каде се пружа прекрасен поглед на Егејското море. Пред хотелот се наоѓа автобуска станица. Сите соби се климатизирани, имаат купатило (фен), TV. Хотелот има ресторан, два бара, отворен базен, грдина, лифт, бесплатен Wi-Fi, сеф на рецепција и бесплатен паркинг. Со доплата хотелот поседува фитнес, спа и wellness центар, биљард, пинг понг, турско купатило.

 

1.Ден / Скопје – Грција:

Скопје, појдовна точка на нашето патување. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 – 10.Ден / Турција – Кушадаси:

Кушадаси. Пристигнување во Кушадаси и сместување во хотел после 14ч. Слободно време за индивидуални активности. Престојот во Кушадаси искористете го за да уживате во магијата на ориентот, прекрасните плажи, незаборавните забави на bar street кои секој ден траат до утро.

11.Ден / Кушадаси:

Кушадаси. Доручек. Напуштање на хотелот до 10ч. Поаѓање на автобусот за Скопје. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

12.Ден / Турција – Грција – Македонија:

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 16.07.-27.07. 25.07-05.08. 03.08.-14.08. 12.08.-23.08.
Hotel West Ada Inn 3* 1/3 195€ 205€ 205€

195€

1/2 без тераса

205€ 215€ 215€ 205€
1/2 215€ 225€ 225€

215€

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
  • Сместување на база 9 ноќевања со појадок во двокреветни или повеќе креветни соби во избраниот хотел од табелата во Кушадаси
  • Превоз со високо туритички автобус (AC/TV/DVD)
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување – 550 денари – плаќање во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци

 

          

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018