КРАКОВ 8-ми МАРТ

Краков – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно – историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO – светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град Ве очекува.

КРАКОВ

06. Mарт (Среда) СКОПЈЕ – КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30. Тргнување за Краков во 14.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

07. Март (Четврток) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Панорамски разглед комбинирано со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Сместување во хотел. Ноќевање.

08. Март (Петок) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ
Појадок. Препорачуваме факлтативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Вечерта факултативно, посета натрадиционален ресторан – пивница. Ноќевање.

09. март (Сабота) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то ниво или 13 метри под нивотo на земјата. Ноќевање.

10. Март (Недела) КРАКОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2019: 155€  / 9.610 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169€ / 10.480 ден.

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧУВА:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
Сместување во хотел 3*** во Kраков на база 3 ноќевања со појадок
Организиран разглед на Kраков
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултативна посета на Auschwitz 35 евра
Факултативна посета на rudnikot za sol Wieliczka 35 евра
Факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel 15 евра
Вечера во национален ресторан – пивница 30 евра
Доплата за 1/1 соба 4.000 денари
Задолжително патничко-здравствено осигурување

 


НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Туристичка агенцја Стаф

Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањетo.

Погледнете ги останатите наши понуди за 8ми март на следниот ЛИНК

Краков за Влеигден