Краков за Нова Година 2019 – (сигурна реализација)

Краков е град во јужниот дел на Полска. Се наоѓа над реката Висла. Во минатото била престолнина на Полска. Денеска во него живеат околу 750 000 жители. Површината на градот е 326,8км. Краков е административен, културен, образовен, индустриски и туристички центар во регионот. Краков е еден од најважните културни центри на Полска, а и го сметаат за културна престолнина на државата. Во Краков се наоѓаат многу културни институции кои се од посебно значење за цела Полска.

Краков

(сигурна реализација)

Краков – бил престолнина на Полска повеќе од 500 години, а денес е еден од најголемите градови во Полска. Град полн со енергија, младост и еден од најголемите Универзитетски центри во Европа. Краков како и овој дел од Полска се смета за Срцето на Полска затоа што е богата со културно – историско наследство. Непроменет за време на II Светска Војна, стариот дел на градот е преполн со цркви и музеи, со доминантниот кралски дворец Wawel кој потсетува на славните денови на полските кралеви со векови. Краков е првиот град во Светот кој историоскиот центар е ставен на листата на UNESCO – светско наследство. Покрај многуте места во градот кој ги препорачуваме да се посетат се и рудникот за сол Wielichka на 15 км од Краков, како и фамозниот концентрационен логор Auachwitz и Birkenau кој се на само 60 км од Краков. Овој шармантен град Ве очекува.

Ден 1

28.Декември (Петок) СКОПЈЕ – КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот спроти Хотелот Holiday Inn во 13.30. Тргнување за Краков во 14.00 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

Ден 2

29.Декември (Сабота) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови Панорамски разглед комбинирано со автобус и пешачки дел. Разглед на стариот дел на градот, Срцето на Краков (без влезници во цркви и музеи), Посета на Готскиот Дворецот Wawel, изграден по наредба на Казимир III Велики, кој владеел 1333-1370, кој се состои од голем број на објекти распоредени околу централниот двор, Катедралата Св. Станислав и Вацлави и кралевскиот дворец од XIV век. Пешачкиот дел опфаќа разглед на Главниот плоштад еден од најголемите средновековни плоштади во Европа и еден од најубавиот урбанистички дел воопшто, каде се наоѓаат споменикот на Адам Мицкјевиќ познат полски поет, готската црква Св. Марија, Флоријанска улица… Сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 3

30.Декември (Недела) КРАКОВ – АУШВИЦ И БИРКЕНАУ
Појадок. Препорачуваме факлтативна посета на Auschwitz и Birkenau, еден од најзначајните симболи на светската историја, кој претставува и најголем најозогласен логор на нацистичка Германија (денешен спомен-музеј под заштита на UNESCO). Враќање во Краков. Вечерта факултативно, посета на пивница. Ноќевање.

Ден 4

31.Декември (Понеделник) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА
Појадок. Факултативна посета на рудникот за сол Величка (Wieliczka – најстар рудник во Европа) импресионивен подземен свет на славните солени езера, простории и ходници каде се наоѓа и кралската капела од сок како и концертната сала која е направена од рацете на генерации рудари. Рудникот е стар 700 години со 9 нивоа, за туристите е програмата на 3-то нивоили 13 метри под нивот на земјата. Вечерта, дочек на Новата 2019 година на главниот градски плоштад. Ноќевање.

Ден 5

01.Јануари (Вторник) КРАКОВ – СКОПЈЕ
Појадок. Факултативна посета на еврејскиот кварт Казимерц, кој се наоѓа во стариот дел на градот и е центар на ноќниот живот на градот. Заминување за Македонија во пладневните часови. Ноќно возење преку Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија наредниот ден во претпладневните часови.

ЗА УПЛАТИ до 01. Декември: 169 Евра (10.480 денари) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 Евра (11.720 денари)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*** во Kраков на база 3 ноќевања со појадок
  • Организиран разглед на Kраков
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
  • Факултативна посета на Auschwitz 35 евра
  • Посета на рудникот за сол Wieliczka 35 евра
  • Факултативна посета на Готскиот Дворец Wawel
  • Вечера во национален ресторан – пивница
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 4.000,00мкд

 

НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 4 месеци од завршувањето на патувањетo

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК

 

Краков за Влеигден