Истанбул 2НП – Нова година 2019 – (сигурна реализација)

Истанбул е град на два континента, центар на христијанската и муслиманската религија, градот на Босфорот, на прекрасниот сјај, град на воздишки. Антички град, но сепак во движење. Неверојатна култура без било какво сомневање, прекрасна архитектура која резултира од илјадниците години….едноставно, тука има нешто магично дури и во ветерот, кој го носи звукот на молитвите кои ги собира луѓето во џамиите.

Истанбул 2НП – Нова година 2019

(сигурна реализација)

Истанбул припаѓа на два континенти, од една страна Азија, од друга Европа. Преку срцето на градот минува Босфорскиот теснец, на водите на Црното Море, Мраморното море и Златниот рог. Почестен е со бурно минато со три последователни империи на римската, византиската и отоманската. Неговото конзервативно наследство од минатото е привлечно за секого.

 

1 ден 29.12.2018  СКОПЈЕИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.    

 

2 ден 30.12.2018  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.

Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на  ФК Бешикташ,  Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб  со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 31.12.2018   ИСТАНБУЛ

Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство(факултативно): со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излетот е факултативен.

Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот – Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе покрај БосфорПотоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан. Дочек на Нова година 2019 на еден од градските плоштади. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2019  СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ 

Султански Истанбул + крстарење по Босфор

Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водичПотоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

За крај , ве водиме во голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

 

5 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2018 : 99 € / 6.140 ден 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  10€ / 6.760  ден

 

 

Цената вклучува:

*Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје

* Сместување во хотел 3*  / 2 НП

* Пратител на програмата

 

Цената не вклучува:
Факултативни Излети:

* панорамско разгледување на градот со автобус – 10 евра

* Крстарење по Босфор – 20 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата и влезница во харемот – 35 евра

* Отомански – Византиски Истанбул: превоз со автобус и локален водич – 10 евра

Влезници за  музеите: 

Топ Капи – 15 евра

Аја Софија (влезница и аудио опрема) – 15 евра

Харемот во Топ Капи – 10 евра

Посета на Азија со автобус и водич – 15 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци –40 евра

* Патничко осигурување 155 мкд.

* Доплата за еднокреветна соба 2.480 ден.

 

*** За реализација на програмата потребни се минимум 45 особи

*** Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК

 

Година