Истанбул за 8-ми Март

Поминете го празникот на жената во градот на два континенти. 8-ми Март нека остане испишан во вашите сеќавања како најдобар празник поминат на крстарење по Босфор. Она што нашата агенција ја прави поразлична од другите се спектакуларните дневни и ноќни крстарења по Босфор. Предноста на ова патување е тоа што вие ја имате можност да уживате на брод кој плови по Босфор и да го доживеете Истанбул во едно поразлично светло.

Истанбул за 8-ми Март

Програма:

ПРВ ДЕН –  07.03 (четврток)

Средба на групата на Дрводекор во 16:00 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:30 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН- 08.03 (петок)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели Џамија, Бејазитовата Џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашината Џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих Џамија… Факултативно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомежу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Можност да се вкуси традиционалниот специјалитет Balikekmek (риба во леб) на Еминону. Сместување во хотел. Предлагаме посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани. Враќање во хотел преку Босфорскиот Мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул…Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН- 09.03 (сабота)

Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во 537 година од Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители…Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни, каде може да се посети и со векови забранетата зона, Султановиот Харем…Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина… Во попладневните часови, посета на Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини…Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН- 10.03 (недела)

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк.. Потоа слободно време за прошетка до плоштадот Таксим и шопинг по најпознатата улица Истиклал… Факултативно – посета наМИНИАТУРК – минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25…Програмата продолжува со посета на познатиот Шопинг Центар Форум каде се наоѓа големиот Аквариум. Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.

 

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 95 ЕВРА (Со уплата до 31.01.2019)

РЕДОВНА ЦЕНА: 109 ЕВРА

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со модерен туристички автобус

– Сместување во хотел 3*** на база 2 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Истанбул

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Посета на Азискиот дел Ускудар-Белербеј, под подводниот тунел 10 евра

– Посета на Долма Бахче Сарај (водич, влезница) 25 евра

– Крстарење со брод по Босфор 15 евра

– Посета на кула Галата 10 евра

– Вечера во национален ресторан 30 евра

– Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра, харемот во Топкапи 10 евра

– Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра

– Посета на Минијатурк 10 евра

– Доплата за 1/1 соба 2.400 денари

– Задолжително патничко – здравствено осигурување

Ви посакуваме убав престој во Истанбул.

 

    Истанбул

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 8-МИ МАРТ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК