ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

ЗАКИНТОС е трето по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат.

ЗАКИНТОС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор.

Дали знаете?

  • Грчките богови Артемида и Аполон го избрале Закинтос за одмор поради пријатните климатски услови, преубавите плажи, кристално плавото море и прекрасното зајдисонце.
  • Заштитен знак на Закинтос е Навајо плажата со познатиот заринкан брод, до него може да се стигне исклучиво со брод.
  • Поради богадиот ноќен живот и извонредниот провод, островот го викаат и “грчка Ибица”.
  • Во Лаганас се наоѓаат преку 100 локали (клубови, барови…) наменети за провод, со најдобри коктели.

 

1.Ден / Скопјe – Македонија – Грција:

Поаѓање од паркингот спроти Holiday Inn во договореното време. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-10. Ден / Грција – КИЛИНИ – Лаганас: 

Во претпладневните часови пристигнуваме на пристаништето Killini на Пелопонез. Влегување на траект и пловење до островот Zakintos. Пристигнување на островот во местото Laganas, сместување во Hotel или вила, Престој на Zakintos 9 ноќи… Laganas е познат по многубројните ноќни клубови, ресторани, таверни и барови каде што ноќните забави траат до раните утрниски часови. Сигурно е дека овде ќе пронајдеме одлична комбинација на одмор и добра забава. Журки, феноменални плажи и многу многу активности ќе го одбележат нашиот престој на Zakintos ова лето.

11.Ден / Лаганас – КИЛИНИ – Грција:

Ги пакуваме куферите и ги напуштаме собите. Пловење со траект од Zakintos до Killini, денско и ноќно возење со автобус до Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

12.Ден / Македонија – Скопје:

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

СМЕСТУВАЊЕ

ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ 29.06. – 10.07. 08.07. – 19.07. 17.07. – 28.07. 26.07. – 06.08. 04.08. – 15.08. 13.08. – 24.08.
Hotel Perkes 2* 1/4 219€ 259€ 269€ 259€ 249€

219€

1/3

229€ 269€ 279€ 269€ 259€ 229€
Andreas Studios 2* 1/3 229€ 269€ 279€ 269€ 259€

229€

1/2

249€ 289€ 299€ 289€ 279€

249€

 

Hotel Perkes 2*

PERKES 2* се наоѓа на главната улица на 800 метри (5-6 минути пешачење) од клубовите односно 1700 метри (12-15 минути пешачење) од плажата. Сите соби имаат тераса и купатио, а опремени се со фрижидер и клима уред (со доплата на лице место).

 

Andreas Studios 2*

ANDREAS STUDIOS 2*  (по локална категоризација) се наоѓа на Каламаки улицата на 500 метри од плажата и на 300 метри од главната улица. Се наоѓа во близина на хотелот Икарос. Сите соби имаат тераса, кујна и купатило, а опремени се со фрижидер и клима уред (со доплата на лице место).

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

  • Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Закинтос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Лаганас – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Закинтос – Килини
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 500 денари – се плаќа во агенција
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2*  – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци.

 

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018