ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МАЖИ ВО ЗАГРЕБ

Македонија ќе биде дел од групата Ц на Европското Првенство во Загреб, Хрватска, а противници на четата на Гонзалес, се селекциите на Германија, Словенија и Црна Гора.
Македонија првиот дуел ќе го игра на 13 јануари против селекцијата на Слованија, која е предводена од поранешниот селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ. Втор противник ќе биде репрезентацијата на Црна Гора, на 15 јануари, која исто така е предводена од поранешниот селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, додека на 17 јануари, ќе ја завршиме групната фаза со дуелот против европскиот првак Германија.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МАЖИ

ХРВАТСКА, ЗАГРЕБ – 2018

1 ДЕН. 13.01.2018

Состанок на група 00 : 00. Тргнување во 00 : 30 кон Загреб. Патување преку Kуманово  и граничниот премин Табановцe со редовни гранични формалности и попатни паузи. Патувањето продолжува преку Р. Србија  и Р.Хрватска. Пристигнување околу 14 : 00 и сместување во хотел. Тргнување кон спортската сала во 16 : 00. Гледање на натпреварите:

  • 17 : 30  Германија – Црна Гора .
  • 19 : 30 Македонија – Словенија .

По натпреварот враќање во хотел. Ноќевање.

2 ДЕН 14.01.2018

Појадок. По појадокот организирана посета на Вараждин ( факултативно), каде се игра една од групите на Европското Ракометно Првенство во која група учествува: Данска, Унгарија, Чешка и Шпанија. Во вечерните часови враќање во Загреб – враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ДЕН 15.01.2018

Појадок. По појадокот организиран разглед на Загреб ( факултативно) со локален туристички водич. Враќање во хотел. Tргнување кон спортската сала во 16 : 00. Гледање на натпреварите :

  • 18 : 00 –  Словенија – Германија
  • 20 : 30 – Црна Гора – Македонија

По натпреварот слободно време за индивидуални активности или организирана забава во фан зоната. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН 16.01.2018

Појадок. По појадокот тргнување кон Италија и посета на градот Трст (факултативно) разглед на градот или посета и разглед на Самобор (факултативно). Слободно време за индивидуален шопинг. Во вечерните часови враќање во Загреб. Ноќевање.

5 ДЕН 17.01.2018

Појадок. По појадокот слободно време за индивидувални активности. Тргнување кон спортската сала во 16:00. Гледање на натпреварите :

  • 18 : 00 – Германија – Македонија
  • 20 : 30 – Црна Гора – Словенија

По натпреварот тргнување кон Македонија. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 

ЦЕНА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ЕКОНОМСКА СОБА – 210 ЕВРА – 13.020,00 ДЕНАРИ.

ЦЕНА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТАНДАРД СОБА – 225 ЕВРА – 13.950,00 ДЕНАРИ.

Во цената е вклучено :

  • Превоз со високо – туристички автобус.
  • Сместување во хотел ЛАГУНА ( http://hotel-laguna.hr) – Загреб на база на 4 ноќевања со појадок (економска соба / стандард соба).
  • Пратител на група во текот на целото времетраење на програмата.
  • Организација и водство на патувањето.

Во цената не е вклучено :

  • Патничко осигурување (задолжително).
  • Влезници за натпреварите (во агенција)
  • Факултативни излети и разгледи :

– Посета и разглед на Вараждин – 15 евра ( за организација на оваа факултатива се потребни минимум 25 патници).

– Разглед и посета на Трст – 25 евра ( за организација на оваа факултатива се потребни минимум 25 патници).

– Посета на Самобор – 10 евра ( за организација на оваа факултатива се потребни минимум 40 патници).

– Посета и разглед на Загреб – 10 евра ( за организација на оваа факултатива се потребни минимум 40 патници).

 

За ова патување важат општите услови за патување на СКТМ.

Минимум број на пријавени патници е 45.

 

Загреб