ДЕТСКО ЗИМУВАЊЕ НА ПОНИКВА – 07.01.-11.01.2018

Пониква — туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини
во Источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.

ДЕТСКО ЗИМУВАЊЕ

ПОНИКВА

термин: 07.01.-11.01.2018

Почитувани дечиња и родители Т.А. Стаф повторно и оваа година организира заедничко дружење на Пониква.

Не мора да чекате да падне снег во нашиот град за да може да уживате во снежните денови на чист воздух, да правите снешко, да се санкате, да се мавате со снежни топки и да другарувате со другарчињата.

Ова е прекрасна можност за Божиќниот викенд да се дружите и да запознаете нови другарчиња преку секојдневни денски и вечерни тематски забави.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 7.000 МКД

 

Во понудата е вклучено:

  • Сместување во детското одмаралиште на Пониква 4 ноќевања 5 дена со појадок, ручек и вечера и секако секоја вечер тематски забави: ( мистер – мисица, јас имам талент, пижама парти и пинг – понг натпревар).  
  • Превоз со високо туристички автобус
  • Пратител на групата за време на патувањето
  • Организација на патувањето
  • Во текот на целиот престој на Пониква учениците имаат 24 часовен надзор од медицинско лице и воспитувачи.

 

Во понудата не е вклучено:

  • Ски обука со инструктор
  • Ски опрема

 

Напомена:

  • Доколку дечињата се од исто семејство се намалува по 500 денари од дете

 

Пониква