ДЕТСКИ ЛЕТЕН КАМП – КРАНИ 02.07 – 08.07.2018

Крани е големо село со околу 150 куќи, сите обновени или новоизградени, подигнати на еден или на неколку ката. На куќите преовладуваат белите фасади. Околу куќите постојат оградени дворни места во кои се изградени потребните стопански и други објекти, а во некои има и овошни градини. Според групираноста на куќите и семејствата, селото се дели на пет маала: Саќовско Маало (околу културниот дом), Садиковско и Оџовско Маало (од левата), а Заќировско и Ќеримовско Маало (од десната страна на реката). Селото претежно просторно се развива на северозападната страна.
Селото е сместено на околу 2,5 километри источно од Големото Преспанско Езеро, во една од подлабоките западни пазуви на планината Баба, во долината и средишниот тек на реката Шара (позната и како Арватска или Кранска Река, како што ја нарекуваат мештаните). Сместено е на надморска височина од околу 900 метри. Од општинското средиште, градот Ресен, е оддалечено 24 километри.

ДЕТСКО ЛЕТУВАЊЕ 

ПРЕСПА

ТЕРМИН: 02.07 – 08.07.2018

Почитувани дечиња и родители Т.А. Стаф оваа година организира заедничко летно дружење на на Преспанско езеро.

Организираното летување во камп за децата има многу големо позитивно влијание врз  нивниот развој. Ја зајакнуваат способноста за работа во тим, почитување на разликиките и соочување со конфликти.  Слободата им ја зајакнува самостојноста и зацврстува самодовербата.

Меѓудругото ова е и прекрасна можност за запознавање нови другарчиња преку секојдневни денски активности и вечерни тематски забави.

На брегот на Преспанското езеро, помеѓу Гличица и Пелистер, хотелот Капри му го врати сјајот на популарното летувалиште во местото Крани. Песочната плажа Капри е уредена со лежалки, чадори, бар на плажа, терен за одбојка, кошарка и други игри..

Кампот Крани располага, со апартмани и бунгалови со сопствено купатило и кујна.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 9.400 МКД

можност за плаќање на рати

 

 

Во понудата е вклучено:
  • 6 ноќи/ 7 дена – сместување во бунгалови со по две соби (со 4-6 кревети), мини кујна и купатило http://avtokampkrani.com.mk/
  • Полн пансион (појадок, ручек, вечера) + чаша сок со оброк + ужинка
  • Автобуски превоз
  • Инструктор по пливање
  • Воспитувачи
  • Здравствена заштита со постојан медицински кадар
  • Осигурување на децата/учениците
  • Бежичен интернет
  • Опремени училници за изведување активности во природа
  • Спортски терен за ракомет, кошарка, одбојка, фудбал; терен на плажа
  • 20 лежалки и чадори
  • Организирани тематски забави

 

Напомена:

Kампот е наменет за деца од 7-14 годишна возраст.