Вила Vrahos – Каламици – Грција Лето 2019

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија. Тоа е најмалото место со најраскошната плажа…место за осамени, романтичари, уморни, заљубени…Има неколку улици, два супермаркети, неколку таверни…нема пошта, нема банка, но има душа и парче убавина подарено од Бога! Ех, Каламитси…Тука животот е безгрижен…тука со денови можете да уживате убаво стокмени во удобните лежалки без да ви здодее непрегледната морска убавина, со часови да го препливувате сликовитиот залив до малото островче и повторно назад, по илјада пати да ја фотографирате плажата која безмалку како да е безобразно нереална. Од изгрејсонце до неговото потонување во морето цел ден сте на нежниот песок…тука заборавате на будилникот, на стресот околу дневните пазарувања…тука живеете бавно,имате доволно време да им се посветите целосно на своите најмили…да уживате со сите свои сетила… Во Каламитси имате доволно време самите за себе. Подобро место за одмор нема да најдете!
Во околината на Каламитси има голем број плажи, од кои Ви ги препорачуваме: Sikia, Orange Beach, Banana Beach, Porto Koufo… Каламитси е оддалечено 11 километри од Торони, а доколку посакате да го почувствувате ритамот на ноќниот живот во Грција, 15 километри Ве делат од Сарти.

Вила Vrahos – Каламици

Грција Лето 2019

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија.
Вила Vrahos се наоѓа на само 20 метри од една од најубавите плажи на Ситонија-Каламитси. Лоцирана е на прва линија до морето и од терасите на апартманите се простира неверојатно убава глетка кон целиот залив. Во оваа вила располагаме со четирикреветни апартмани на прв и втор спрат со тераси  кои  имаат директен поглед на море. Сите сместувачки капацитети имаат нов квалитетен мебел и солидно опремени кујни (електричен шпорет со рерна и фрижидер со одделна комора за замрзнување), телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило.

Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор на платформа опремен со маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети имаат  постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. До вилата има простор за паркинг.

За целосна уплата до 15.12.2018 попуст од 20%
Вила „Vrahos” – Каламитси
Термин: Ноќевања: 1/4 апартман

 I спрат

1/4 апартман              II спрат
20.05-30.05.2019 10 12.400 ден (200 €) 14.880 ден (240 €)
30.05-09.06.2019 10 18.600 ден (300 €) 21.080 ден (340 €)
09.06-19.06.2019 10 24.800 ден (400 €) 27.280 ден (440 €)
19.06-29.06.2019 10 31.000 ден (500 €) 33.480 ден (540 €)
29.06-09.07.2019 10 38.440 ден (620 €) 40.920 ден (660 €)
09.07-19.07.2019 10 47.120 ден (760 €) 48.980 ден (790 €)
19.07-29.07.2019 10 47.120 ден (760 €) 48.980 ден (790 €)
29.07-08.08.2019 10 47.120 ден (760 €) 48.980 ден (790 €)
08.08-18.08.2019 10 47.120 ден (760 €) 48.980 ден (790 €)
18.08-28.08.2019 10 43.400 ден (700 €) 45.880 ден (740 €)
28.08-07.09.2019 10 32.240 ден (520 €) 34.720 ден (560 €)
07.09-17.09.2019 10 21.700 ден (350 €) 24.180 ден (390 €)
17.09-27.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 17.980 ден (290 €)

 

Вила Vrahos Апартман бр. 3

Простран четирикреветен апартман со две соби, се наоѓа на првиот спрат од вилата. Во првата просторија има два единечни кревети со нормални димензии. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната. Кујната е солидно опремена: има голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер со оделна комора за замрзнување, садови за готвење и јадење, аспиратор, трепезариска маса и столчиња. Собата има прозорец со поглед на море , а од неа се излегува на тераса каде има пластична маса и столчиња. Терасата не е многу пространа, но има преубав поглед на море. Од првата соба се влегува во втората просторија која е одвоена со врата. Во тој простор е купатилото (со нормална големина) и спалната соба опремена со еден дупли кревет и мебел. Тука се наоѓа клима уредот и телевизорот. Од спалната соба се излегува на мала тераса.

Вила Vrahos Апартман бр. 8

Простран четирикреветен апартман со две соби, се наоѓа на вториот спрат од вилата. Во првата просторија има два единечни кревети со нормални димензии. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната. Кујната е одличноопремена: има голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер со одделни три фиоки за замрзнување, садови за готвење и јадење, аспиратор, трепезариска маса и столчиња. Собата има прозорец со поглед на море , а од неа се излегува на тераса каде има пластична маса и столчиња. Терасата не е многу пространа, но го има најубавиот поглед на море, од вториот спрат на вилата го гледате целиот залив. Од првата соба се влегува во втората просторија која е одвоена со врата. Во тој простор е купатилото (со нормална големина) и спалната соба опремена со еден дупли кревет и мебел. Тука се наоѓа клима уредот и телевизорот. Од спалната соба се излегува на мала тераса.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

каламици Вила Врахос Вила Врахос