ВИЛА THANOS – УРАНОПОЛИС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Небесниот Град… тоа е капијата преку која се влегува во независната монашка држава Света Гора, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Уранополис е тесна граница меѓу ноќниот живот и аскетската духовност… до скоро речиси целосно изолиран за масовен туризам, а сепак најатрактивно летувалиште заради небесно сината вода и волшебните плажи… Старата кула од византискиот период на брегот од морето е симболот на овој град. Одовде секојдневно испловуваат бродови до Дафни-главното пристаниште на Света Гора, како и до ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров прочуени по прекрасните плажи. Уранополис е преубав приморски град со недопрена природна убавина, златни песочни плажи, чисто море, неповторлива атмосфера.

Во местото има банки, аптеки, маркети, пекари, ресторани, таверни, автобуски линии кои го поврзуваат со Солун и со Ситонија и Касандра. На само десетина километри пред градот е пристаништето Трипити, од каде со траект можете да пристигнете на Амоулиани – единствениот населен остров на Халкидики и тука неколку часа да уживате на преубавата песочна плажа Golden beach…

ВИЛА THANOS – УРАНОПОЛИС

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вилата Thanos се наоѓа на самиот влез од преубавиот приморски град Уранополис на третиот крак Атос. Привилегија е да летувате во местото во кое владее апсолутен мир. Да престојувате во студијата и апартманите кои имаат поглед на раскошната морска непрегледност и на привлечните ненаселените острови Дрениа и Магарешкиот остров. Островите се прочуени по прекрасните плажи. Тука можете да го пиете утринското кафе со поглед кон  единствениот населен остров Амоулиани. На овој осторв се наоѓа преубавата песочна плажа Golden beach

Вилата е на само неколку минути од најблиската плажа која плени со својата недопрена убавина и на околу  300 метри од прекрасната плажа пред хотелот „Xenia“. Студијата и  апартманите се наоѓаат на високо приземје и на вториот спрат од вилата. Сите  имаат  опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Некои од сместувачките капацитети на вториот спрат имаат тераси со директен поглед на море, додека пред студијата на приземје има дворно место за одмор. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

 

Вила Thanos“ – Уранополис

Четирикреветни студиа кое се наоѓаат на високо приземје или на втор спрат во кои што има две простории. Во првата има еден дупли кревет и два единечни кревети со нормални димензии, мебел, телевизор, клима уред. Кујната е издвоена во друга просторија и е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со издвоена комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е со нормална големина. Од собата се излегува на пространо дворче опремено со пластична маса и столчиња. Просторот во дворот е покриен со тенда.

Трокреветно студио на втор спрат во кое има еден дупли и еден единечен кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е во истата просторија и е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење и голем фрижидер со издвоена комора. Од собата се излегува на тераса која има преубав поглед на море. Опремена е со дрвена маса и столчиња и е заштитена со тенда. Студиото има купатилото со нормална големина.

Двокреветно студио кое има еден дупли кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е во истата просторија и е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење и фрижидер со мала комора. Во овој простор се наоѓа и купатилото кое е со нормална големина.Од собата се излегува на пространо дворче опремено со пластична маса и столчиња заштитено со тенда.

 

УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС   УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС УРАНОПОЛИС 

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018