ВИЛА SOLE A MARE – НЕОС МАРМАРАС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Неос Мармарас, сместен амфитеатрално меѓу борова шума, со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас. Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. Освен овие две најпознати плажи, околината изобилува со многу скриени заливи и уредени плажи идеални за пливање, од кои ги издвојуваме плажата Lagomandra и Tripotamos Beach кај кампот Castello.

Вила Sole A Mare Неос Мармарас

Грција Лето 2019

Вила Sole A Mare се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили меѓу изобилство продавници, со фронталниот дел поставена кон фонтаната која е обележје на градот и кон пристаништето. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ е оддалечена околу 300 метри.  Располагаме со двокреветни студија и четирикреветни апартмани  на прв и втор спрат кои имаат поглед на улица или директен поглед на море (во студијата и апартманите има дополнителни фотелји на расклопување).

Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018
Вила „Sole A Mare” – Неос Мармарас
 Термин:
 Ноќевања:
1/2 студио море
1/2+1 студио море
1/2+1 студио улица
1/4 апартман улица
1/4 апартман море
20.05-30.05.2019 10 9.300 ден (150 €) 12.400 ден (200 €) 11.160 ден (180 €) 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €)
30.05-09.06.2019 10 12.400 ден (200 €) 15.500 ден (250 €) 14.260 ден (230 €) 18.600 ден (300 €) 21.700 ден (350 €)
09.06-19.06.2019 10 15.500 ден (250 €) 18.600 ден (300 €) 17.360 ден (280 €) 24.800 ден (400 €) 27.900 ден (450 €)
19.06-29.06.2019 10 18.600 ден (300 €) 21.700 ден (350 €) 20.460 ден (330 €) 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €)
29.06-09.07.2019 10 24.800 ден (400 €) 27.900 ден (450 €) 26.660 ден (430 €) 34.100 ден (550 €) 37.200 ден (600 €)
09.07-19.07.2019 10 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €) 32.860 ден (530 €) 40.300 ден (650 €) 43.400ден (700 €)
19.07-29.07.2019 10 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €) 32.860 ден (530 €) 40.300 ден (650 €) 43.400 ден (700 €)
29.07-08.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €) 32.860 ден (530 €) 40.300 ден (650 €) 43.400 ден (700 €)
08.08-18.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 34.100 ден (550 €) 32.860 ден (530 €) 40.300 ден (650 €) 43.400 ден (700 €)
18.08-28.08.2019 10 27.900 ден (450 €) 31.000 ден (500 €) 29.760 ден (480 €) 37.200 ден (600 €) 40.300 ден (650 €)
28.08-07.09.2019 10 21.700 ден (350 €) 24.800 ден (400 €) 23.560 ден (380 €) 27.900 ден (450 €) 31.000ден (500 €)
07.09-17.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 18.600 ден (300 €) 17.360 ден (280 €) 21.700 ден (350 €) 24.800 ден (400 €)
17.09-27.09.2019 10 12.400 ден (200 €) 15.500 ден (250 €) 14.260 ден (230 €) 17.360 ден (280 €) 18.600 ден (300 €)
Вила Sole A Mare Студио бр.A1 (поглед на море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред (во ценовникот студиото е назначено како 1/2студио море). Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Мало купатило со модерен дизајн. Терасата е со нормална големина, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.

Вила Sole A Mare Апартман бр.A2 (поглед на море)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на прв спрат во вилатаВо првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на пространа тераса која има поглед на улица и директен поглед на море, опремена со маса, столчиња и тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има директен поглед на море. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има мало купатило со модерен дизајн.

Вила Sole A Mare Апартман бр.A3 (поглед на улица)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на прв спрат во вилата.Во првата просторија има еден кауч (софа) на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена со маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има поглед на улица. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн.

Вила Sole A Mare Студио бр.А4 (поглед на улица)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и една фотелја на расклопување со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Опремено е со мебел, телевизор, клима уред, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена е со маса и столчиња и е заштитена со тенда. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн.

Вила Sole A Mare Студио бр.B1 (поглед на море)

Двокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен помошен кревет кој е со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1студио море). Опремено е со мебел, телевизор, клима уред, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Мало купатило со модерен дизајн. Терасата е со нормална големина, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.

Вила Sole A Mare Апартман бр.B2 (поглед на море)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на вториот спрат во вилата.Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на пространа тераса која има поглед на улица и директен поглед на море, опремена со маса, столчиња и тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има директен поглед на море. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има мало купатило со модерен дизајн.

Вила Sole A Mare Апартман бр.B3 (поглед на улица)

Простран четирикреветен апартман со две соби кој се наоѓа на вториот спрат во вилата.Во првата просторија има еден кауч (софа) на кој можат да спијат две возрасни лица бидејќи откако ќе се расклопи се добиваат два единечни лежаи со нормални димензии. Во собата има и една фотелја на расклопување со нормални димензии, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена со маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората соба има еден дупли кревет и мебел, а од собата се излегува на истата тераса која од овој дел има поглед на улица. Апартманот е опремен со два телевизора и две клими, по еден во секоја соба. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн.

Вила Sole A Mare Студио бр.B4 (поглед на улица)

Двокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет и една фотелја на расклопување со нормални димензии (во ценовникот студиото е назначено како 1/2+1). Опремено е со мебел, телевизор, клима уред, а во истата просторија се сместени и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се излегува на тераса која има поглед на улица, опремена е со маса и столчиња и е заштитена со тенда. Има купатило со нормални димензии и модерен дизајн.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019