ВИЛА PARADISE КАЛАМИЦИ – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија. Тоа е најмалото место со најраскошната плажа…место за осамени, романтичари, уморни, заљубени…Има неколку улици, два супермаркети, неколку таверни…нема пошта, нема банка, но има душа и парче убавина подарено од Бога! Ех, Каламитси…Тука животот е безгрижен…тука со денови можете да уживате убаво стокмени во удобните лежалки без да ви здодее непрегледната морска убавина, со часови да го препливувате сликовитиот залив до малото островче и повторно назад, по илјада пати да ја фотографирате плажата која безмалку како да е безобразно нереална. Од изгрејсонце до неговото потонување во морето цел ден сте на нежниот песок…тука заборавате на будилникот, на стресот околу дневните пазарувања…тука живеете бавно,имате доволно време да им се посветите целосно на своите најмили…да уживате со сите свои сетила… Во Каламитси имате доволно време самите за себе. Подобро место за одмор нема да најдете!
Во околината на Каламитси има голем број плажи, од кои Ви ги препорачуваме: Sikia, Orange Beach, Banana Beach, Porto Koufo… Каламитси е оддалечено 11 километри од Торони, а доколку посакате да го почувствувате ритамот на ноќниот живот во Грција, 15 километри Ве делат од Сарти.

ВИЛА PARADISE КАЛАМИЦИ

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вилата Paradise се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Во оваа раскошна вила располагаме со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети  се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило.

Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од  просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг.

 

Вила Paradise – Каламитси
Термин:
Ноќевања:
1/3 студио
1/3+1 студио
20.05-30.05.2018
10
160 €
190 €
30.05-09.06.2018
10
260 €
290 €
09.06-19.06.2018
10
330 €
360 €
19.06-29.06.2018
10
400 €
430 €
29.06-09.07.2018
10
500 €
530 €
09.07-19.07.2018
10
630 €
650 €
19.07-29.07.2018
10
630 €
650 €
29.07-08.08.2018
10
630 €
650 €
08.08-18.08.2018
10
630 €
650 €
18.08-28.08.2018
10
560 €
590 €
28.08-07.09.2018
10
420 €
450 €
07.09-14.09.2018
7
210 €
240 €
14.09-21.09.2018
7
170 €
200 €
21.09-28.09.2018
7
130 €
160 €

 

Напомена:
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има нормални кревети. Заедно со возрасно лице во заеднички кревет може да се смести дополнително едно дете до 4 години. Во некои од студијата постои можност од помошен кревет чие користење се доплаќа на лице место.
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Paradisе    

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018