ВИЛА MERSINIS НЕОС МАРМАРАС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Неос Мармарас, сместен амфитеатрално меѓу борова шума, со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас. Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. Освен овие две најпознати плажи, околината изобилува со многу скриени заливи и уредени плажи идеални за пливање, од кои ги издвојуваме плажата Lagomandra и Tripotamos Beach кај кампот Castello.

ВИЛА MERSINIS НЕОС МАРМАРАС

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вилата „Mersinis“  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија  има се што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг,  преубава плажа, мир, спокојство… Вилата е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот „Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената „Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата „Mersinis“  ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вилата „Mersinis“  има шест четирикреветни апартмани  на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси  со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

Вила „Mersinis” – Неос Мармарас

Термин:

Ноќевања:

1/2+2 апартман

1/2+3 апартман

20.05-30.05.2018

10

170 €

190 €

30.05-09.06.2018

10

250 €

270 €

09.06-19.06.2018

10

350 €

370 €

19.06-29.06.2018

10

400 €

420 €

29.06-09.07.2018

10

500 €

520 €

09.07-19.07.2018

10

650 €

670 €

19.07-29.07.2018

10

650 €

670 €

29.07-08.08.2018

10

650 €

670 €

08.08-18.08.2018

10

650 €

670 €

18.08-28.08.2018

10

600 €

620 €

28.08-07.09.2018

10

500 €

520 €

07.09-14.09.2018

7

230 €

250 €

14.09-21.09.2018

7

200 €

220 €

21.09-28.09.2018

7

170 €

190 €

 

  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 или 7 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Неос Мармарас
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра

 

Неос Мармарас Неос Мармарас

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018