ВИЛА GRIGORIOU – КАЛИТЕА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Според тврдењата на туристите, Калитеа претставува најубавото монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 90 километри од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL“. Во местото има луксузно опремени продавници за кожа и крзно, за сувенири, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптека, такси станица како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак, како и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните и заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода во која го губите чувството за длабочина. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат.

ВИЛА GRIGORIOU – КАЛИТЕА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вила Grigoriou, се наоѓа во строгиот центар на Калитеа односно на II пешачка зона, опкружена со многу продавници, бутици, ресторани, играчници за деца, кафе барови… веднаш наспроти вила “Theano” и на 170m од плажа. Вилата располага со 1/3 (спална и одделен кревет) и 1/4 (брачен и две одделни легла) студија на I-ви кат. Опремени со: одделна кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, огромни балкони (со масичка со столчиња) со поглед кон дворот и шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима и  интернет – БЕСПЛАТНИ. Веднаш под вилата се наоѓа бутик.

 

Grigoriou
Kалитеа
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
19 26 02 09 16 23 30 07 14 21 28 04 11 18 25 01 08 15 22
бр. ноќи 7 7 7 7 7
7
7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7
7 7 7 7
1/3  студио 45 75 95 125 150 170 325 355 375 375 375 375 375 185 155 120 85 65 50 
1/4  студио 45 80 105 135 165 185 345 375 395 395 395 395 395 200 165 130 90 70 50 
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на цело студио цени по лице со превоз

 

НАПОМЕНА
  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 150m од вилата (на булеварот);
  • Клима и Wi-Fi интернет, БЕСПЛАТНО!!
  • Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
  • Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
  • За превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • Доплата за патничко осигурување.

 

ВИЛА GRIGORIOU    

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018