ВИЛА “EVI 1” – НЕА КАЛИКРАТИЈА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Ново во нашата понуда-Неа Каликратија, првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 4 километри од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

ВИЛА “EVI 1” – НЕА КАЛИКРАТИЈА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри од моретомеѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Вилата е мала, од типот на семејните куќи и располага со само два апартмани- четирикреветен и шесткреветен кои имаат поглед во вилата Evi IIкоја се наоѓа на самата улица. Апартманите се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Сместувачките капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманите има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата. Агенцијата како организатор не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

 

Вила Еви 1 – Неа Каликратија – Апартман бр.1

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две простории. Во првата соба има комплетно опремена кујна во која има електрично решо, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има еден кауч на кој можат да спијат две лица (деца). Oткако ќе се расклопи се добива лежај со нормални димензии и клима уред. Од оваа просторија се влегува во купатилото кое има сопствен бојлер, како и во втората спална соба опремена со два единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Собата има прозорец кој гледа кон дворот на вилата. Апартманот се препорачува за семејства со мали деца бидејќи пред влезот има дворно место од каде нема излез на улица. Просторот е опремен со пластична маса и столчиња.

Вила Еви 1 – Неа Каликратија – Дуплекс бр.2

Шеткреветен дуплекс апартман на прв спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+2 апартман). Апартманот има три простории. Во првата соба има еден кауч на кој можат да спијат две лица (деца) бидејќи откако ќе се расклопи се добива лежај со нормални димензии, телевизор и клима уред. Во истата просторија има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се влегува во мало купатило со сопствен бојлер, како и две посебни спални соби издвоени со врати. Во секоја спална соба има по два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Апартманот има и пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018