Вила „Chrouso Palace“ – Паљури – Грција Лето 2019

Нова понуда за сезоната Лето 2018- Паљури, најубавата плажа на најјужниот дел на Касандра, комбинација на кристално чиста вода, златен песок и борова шума… На само осум километри подалеку од Пефкохори, ќе го најдете најубавото место за вистински одмор…Името го добило според зборот paliuri, еден вид на грмушка што расте во овој регион и која луѓето ја посадувале за да си ги одбележат своите куќи. Селото е со типично грчка архитектура-традиционални камени куќи, тесни поплочени улици…населено е со околу 800 жители кои се занимаваат со одгледување маслинки и пчеларство, па можеби некаде ова место ќе го сретнете и под името селото на пчеларите. Селото има неколку маркети, месара, рибара, таверни и ресторани. На само 1200 метри од селото се наоѓа плажата Chrouso Beach која всушност се состои од три плажи: Horuso, Ksenija и Alonaki. Плитка вода, природна заштита од сонце, златен песок, неколку барови на плажата со одлична услуга, удобни лежалки и задолжително добра музика. Тоа е Паљури, местото каде во текот на едно деноноќие се собираат туристи од најблиските места преку ден да уживаат во беспрекорната плажа, а навечер да бидат дел од лудата забава. Тука, во оваа убавина, Ви ја предлагаме вилата „Chrouso Palace“ градена од камен, опкружена со борова шума и со најубавите цветни градини.

Вила „Chrouso Palace“ – Паљури

Грција Лето 2019

Вилата „Chrouso Palace“ се наоѓа на 800 метри од плажата во Паљури. Гарантирано најубавото апартманско сместување што досега сме го понудиле на нашите туристи. Собите се чистат секој ден, постелнината и крпите се менуваат после секој трети ден, опремени кујни, пространи тераси со незаменлив поглед на преубавото зеленило, голем двор со издвоен дел за подготвување скара, посебен дел со играчки за децата, масички поставени под осветлените палми каде можете да уживате во интимниот амбиент, паркинг за возила. Сместувачките капацитети се наоѓаат на приземје и на прв спрат. Затоплувањето на водата е комбинирано-со бојлер и со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Вилата е наменета за оние кои посакуваат мирен одмор… во непосредна близина се наоѓа хотелот Chrousso Vilage 4* кој во својот состав има продавница од каде можете да набавите најосновни прехранбени продукти. За останатите артикли имате одлично снабдени продавници во селото Паљури, а доколку Ви недостига вечерната гужва, на неколку километри се наоѓаат Пефкохори, Ханиоти и Полихроно.

Напомена: Во трокреветните апартмани можат да се сместат максимално 3 возрасни лица и едно дете до 3 години. Во четирикреветните апартмани можат да се сместат максимално 4 возрасни лица и едно дете до 3 години.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018

Вила „Chrouso Palace” – Паљури

Термин: Ноќевања:

1/4 апартман

01.06-11.06.2019

10 21.700 ден (350 €)
11.06-21.06.2019 10

27.900 ден (450 €)

21.06-01.07.2019

10 34.100 ден (550 €)
01.0711.07.2019 10

40.300 ден (650 €)

11.07-21.07.2019

10 46.500 ден (750 €)
21.07-31.07.2019 10

46.500 ден (750 €)

31.07-10.08.2019

10 46.500 ден (750 €)
10.08-20.08.2019 10

46.500 ден (750 €)

20.08-30.08.2019

10 40.300 ден (650 €)
30.08-09.09.2019 10

34.100 ден (550 €)

09.09-19.09.2019

10 21.700 ден (350 €)
19.09-29.09.2019 10

15.500 ден (250 €)

 

Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

 

Апартман бр.607

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4 апартман). Апартманот има две простории.

Првата е соба за дневен престој во која има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли,аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина.Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има еден дупли кревет со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

  

 

Апартман бр.609

Четирикреветен апартман на Вила „Chrouso Palace” – Паљури се наоѓа на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4 апартман). Апартманот има две простории.

Првата е соба за дневен престој во која има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли,аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина. Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има два единечни кревети со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

 

Апартман бр.610

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4 апартман). Апартманот има две простории.

Првата е соба за дневен престој во која има два единечни кревети со нормална димензија, телевизор и клима уред. Во оваа просторија има трепезариска маса и тука се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли,аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од оваа соба се продолжува кон мал ходник во кој има поставено гардеробер и влез во купатилото кое е со нормална големина.Втората соба во апартманот е спална, издвоена од собата за дневен престој со врата. Тука има два единечни кревети со нормална димензија и прозорец. Апартманот има сопствена тераса опремена со маса и столчиња и преубав поглед кон дворот на вилата.

 

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019