ВИЛА BOUZALIS НЕА ФЛОГИТА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Неа Флогита е мало селце кое се наоѓа непосредно до Неа Модања, на источната страна од полуостровот Касандра (првиот крак од Халкидики). Се работи за исклучително мирно туристичко место, идеално за сите кои сакаат потполна релаксација за време на летниот одмор. Неа Флогита е оддалечена од Солун само 59 километри, т.е. 160 километри од македонско-грчката граница. Ова мало селце било основано во 1923 година од бегалците од Кападокија, Турција. Денес, Неа Флогита прерасна во вистински рај за сите кои својот летен одмор сакаат да го поминат во помирна и порелаксирана атмосфера отколку во останатите популарни туристички места во Грција.

ВИЛА BOUZALIS НЕА ФЛОГИТА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Во централниот дел на полуостровот Халкидики, на само педесетина километри југоистoчно од Солун  се наоѓа туристичкото место Неа Флогита. Ова место препознатливо е по централниот парк со фонтаните и зелениот појас со палми. Всушност, тоа е првото што ќе го забележите штом пристигнете во ова туристичко место. Дрворедот од над стотина палми во должина од 1.5 километар се  протега се до Дионисос, што е всушност и неговата најголема атракција. Неа Флогита е лоцирана на привилегирана позиција- на само неколку метри од морето. Тоа е предност повеќе тука да го поминете вашиот летен одмор дишејќи го секое утро специфичниот мирис на морски воздух. Длабочината во морето е умерена што го прави ова туристичко место уште попривлечно за децата, а морскиот гребен на само 50 метри од брегот е природна заштита за пливачите.

Ова приморско место е одлично снабдено во текот на летната сезона. Изобилува со маркети, пекари, слаткарници, таверни, ресторани,  како и најпозната плажа „Pastazi“ која нуди одлична забава за младите. Неа Флогита се наоѓа на само 6 километри од Неа Муданија, комерцијалниот центар на Халкидики до каде можете секојдневно да шетате. Доколку сте љубители на шопингот, можете со часови да пазарувате во многубројните бутици. Ако и тоа не ја задоволи Вашата шопинг манија, од Неа Муданија имате секој ден редовна автобуска линија до Солун.

Вилата Bouzalis

Вилата е лоцирана на самото шеталиште во Неа Флогита и на само неколку метри од морето. Располага со апартмани со најразлична големина; дел од сместувачките капацитети имаат директен поглед на море, а останатите имаат поглед на улица или во дворот на вилата, а се наоѓаат на прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни, фрижидери со одвоени комори и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена.

Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата. Ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има паркинг простор.

 

Напомена:

Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничeниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење.

За резервации и целосни уплати до 31.03.2018 одобруваме 5% попуст

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

 

   

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018