ВИЛА ANASTASIA – НЕА РОДА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме на Медитеранот, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека, па дури и кино на отворено…На спротивниот дел од Неа Рода се наоѓа мало пристаниште од каде секој ден од локалните риболовци можете да купите свежа риба и морски плодови по многу поволни цени. Целосно затскриениот залив е исто така популарен меѓу сурферите и љубителите на глисери. Скриена во преубавиот залив Akanthios, во непосредна близинана апартхотелот Lazaridis, меѓу два зелени рида се наоѓа плажата Voulitsa. Атрактивната песочна плажа ќе Ве остави без здив најпрво со бојата на морската вода, па со нејзината чистота, со лежалките и чадорите за сонце и на крај со забавата што ја нуди преку целиот ден на истоимениот бар од каде допираат звуците на убавата музика, студените пијалаци и локалните специјалитети. Доколку Вашиот избор ова лето биде Неа Рода, тогаш задолжително посетете ја фантастичната песочна плажа Komitsa, оддалечена само 4,5 км. Плажата која ќе Ве фасцинира со својата раскошна убавина со право е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и истоимениот камп.

ВИЛА ANASTASIA – НЕА РОДА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вилата Anastasia e лоцирана во строгиот центар,на само 20 метри од плажатаво Неа Рода, на третиот крак Атос. Вилата има два четирикреветни дуплекс апартмани на прв спратеден седумкреветен дуплекс апартман и едно трикреветно студио на високо приземје. Апартманитеимаат по две посебни спални соби, купатила, тераси, издвоена кујна комплетно опремена со мини електричнен шпорет со рерна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

ЛОКАЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

 

ВИЛА ANASTASIA – НЕА РОДА – Апартман бр.1

Простран четирикреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со вратикој се наоѓа на првиот спрат во вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+1апартман дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната. Тука има: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со мала комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во големо купатило опремено со када. Во едната спална соба има два споени единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед во дворот на вилата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, тросед на развлекување, мебел, трепезариска маса и телевизор. Тука се наоѓа и клима уредот, а од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби.

ВИЛА ANASTASIA – НЕА РОДА – Апартман бр.2

Простран четирикреветен дуплекс апартман со две посебни спални соби одделени со врати кој се наоѓа на првиот спрат во вилата (во ценовникот апартманот е назначен како 1/4+1апартман дуплекс). Во просторот пред спалните соби на самиот влез во апартманот се поставени елементите од кујната. Тука има: мини електричен шпорет со рерна, аспиратор, фрижидер со мала комора, садови за готвење и јадење. Од овој простор се влегува во пространо купатило. Во едната спална соба има два споени единечни кревети со нормални димензии, мебел и телевизор. Од собата се излегува на тераса која е опремена со маса и столчиња, долга е и има поглед на улицата. Во втората спална соба има еден дупли кревет, софа на развлекување, мебел и телевизор. Тука се наоѓа и клима уредот, а од собата се излегува на истата тераса која поминува покрај двете спални соби.

Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia Вила Anastasia

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018