ВИЛА ПАРТЕНИС ПЕФКОХОРИ – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Доколку би го превеле неговото име, тоа всушност буквално би го означило и негово вистинско осликување – “село во борови”. Ова познато туристичко место, кое се наоѓа на првиот крак на Халкидики – Касандра, е оддалечено на само десетина километри од веќе опишаното Полихроно. Многу поголемо и со многу повеќе содржини, Pefkohori со својата динамичност на постојано движење, секогаш претставувало магнет за туристите кои во летото бараат и многу забава. Опкружено со борови шуми, протегнато покрај прекрасното море и песочната плажа, ова туристичко место отсекогаш се вбројувало во најпознатите и најпосетените на полуостровот Халкидики. Многуте објекти за сместување, хотелите од сите категории, како и вонпансионските содржини со кои изобилува, Пефкохори го издвојуваат како високо развиена туристичка дестинација.

ПЕФКОХОРИ ВИЛА ПАРТЕНИС

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Вила ПАРТЕНИС се наоѓа на 120 метри од плажа над супермаркетот Масутис. Комплексот располага со убаво уреден двор со скара и туш. Сместувањето е во апартмани сместени на приземје 1 и 2 кат. Секој апартман има балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, и клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Истата е од Б категорија.

 

Опис на апартманите:

1/4 апартман на приземје со балкон, две соби – спална со два кревети и соба-кујна со два кревети.

1/3+1 апартман на 1 и 2кат со балкон, две соби – спална со три кревети и соба-кујна со софа.

 

Вила Партенис табела 1. ПАКЕТ АРАНЖМАН МАЈ – ЈУНИ
Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.

ТЕРМИН

19.05.2019 26.05.2019 02.06.2019 09.06.2019 16.06.2019 23.06.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи

7 ноќи

1/3+1 и1/4апп

75 € 85 € 115€ 135 € 155 €

175 €

За сместување во апартман за минимум 3 лица, 3-то и 4-то лице плаќа по 35 евра фиксно.

 

 

Вила Партенис табела 2. Цена за НАЕМ на студио за 7 ноќевања за период ЈУЛИ – АВГУСТ

ТЕРМИН

НАЕМ 1/3+1 и 1/4 апартман
30.06.2019 7 ноќи

440€

07.07.2019

7 ноќи 490€
14.07.2019 7 ноќи

520€

21.07.2019

7 ноќи 550€
28.07.2019 7 ноќи

550€

04.08.2019

7 ноќи 550€
11.08.2019 7 ноќи

550€

18.08.2019

7 ноќи 530€
25.08.2019 7 ноќи

490€

 

 

Вила Партенис табела 3. ПАКЕТ АРАНЖМАН СЕПТЕМВРИ
Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.

ТЕРМИН

01.09.2019 08.09.2019 15.09.2019 22.09.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи

7 ноќи

ПАРТЕНИС

165 € 145 € 115 €

85 €

За сместување во апартман за минимум 3 лица, 3-то и 4-то лице плаќа по 35 евра фиксно

 

 

Напомени:

– Цените се дадени во евра. Плаќањето се врши ИСКЛУЧИВО и само во денари по курс 1 € = 62мкд.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки, за важечка резервација се смета само со авансна уплата на 30% од целосната сума на аранжманот и фотокопија од пасош. Целосна доплата на аранжманот седум дена пред тргнувањеТермините дадени во табелата се непроменливи.

– Деновите дадени во табелите се денови на тргнување на паркингот спроти Холидеј Ин во 04.00 часот наутро (состанок на групата 30 минути порано), Ве молиме минимум 24 часа (еден ден) пред секое тргнување од Скопје да се информирате за потврда на својата резервација, како и за времето или местото.

– Автобуски превоз: возрасни 35 € ; деца од 02-12 год. 25 €

– Задолжително патничко осигурување.

– Собите се превземаат по 12.00 часот, а се напуштаат во 09.00 часот по локално време.

– За уплата на две смени (7 + 7 ноќевања) одобруваме попуст од 10% на втората смена.

– Во пакет аранжманите 10 евра се одбива од цената за сопствен превоз по лице

– ПОПУСТИТЕ НЕ СЕ КОМБИНИРААТ ПОМЕЃУ СЕБЕ (попуст за рана резервација со попуст за две смени споени и сл.)!!!

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019