ВИЛА ОСКАР – КАЛИТЕА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Ова туристичко место се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун тоа е Калитеа. Голема песочна плажа, кристално чисто море, природна убавина, бујна,медитеранска мирисна вегетација,каде што самата гостопримливост на домаќините го прават ова место примамливо за одмор.Ова место е познато и по големиот број на ноќни клубови кои се најпривлечни за младата популација.

ВИЛА ОСКАР – КАЛИТЕА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

ПОПУСТ ОД 20%

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 29-ти Декември!!!

Вила ОСКАР се наоѓа во централниот дел на Калитеа, на околу 600 метри одалеченост од плажа. Располага со двокревети, трокреветни и четворокреветни студија. Сите студија имаат балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, клима(вклучена во цената) и Wi-Fi.Истата е од Б категорија.

 

 

Опис на студијата за Вила ОСКАР:

1/2 студио – се наоѓа на приземје, со поглед на градина, два единечни кревети (максимум капацитет 2особи).

1/2+1 студио – се наоѓа на 1 и 2кат, со поглед на улица, дупли кревет или два единечни и фотеља на пуштање (максимум 2 возрасни и 1 дете).

1/2+2 студио – се наоѓа на приземје и 2кат, со поглед на базен, дупли кревет, фотеља напуштање и софа (максимум 2возрасни и 2деца)

 

Вила Оскар табела 1. ПАКЕТ АРАНЖМАН МАЈ –ЈУНИ. Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7ноќевања со вклучен превоз

ТЕРМИН

19.05.2019 26.05.2019 02.06.2019 09.06.2019 16.06.2019 23.06.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи

7 ноќи

Цена по лице

65 € 85 € 115 € 125 € 135 €

155 €

Сместување за минимум 2 лица во студио, 3-то и 4-то лице плаќа само превоз

 

 

 

Вила Оскар табела 2. Цена за НАЕМ на студио за 7 ноќевања ЈУЛИ – АВГУСТ

ТЕРМИН

НАЕМ 1/2СТУДИО 1/2 + 1 СТУДИО 1/2 + 2 СТУДИО
30.06.2019 7 ноќи 310 € 330 €

350 €

07.07.2019

7 ноќи 330 € 350 € 370 €
14.07.2019 7 ноќи 360 € 380 €

400 €

21.07.2019

7 ноќи 380 € 400 € 420 €
28.07.2019 7 ноќи 380 € 400 €

420 €

04.08.2019

7 ноќи 380 € 400 € 420 €
11.08.2019 7 ноќи 380 € 400 €

420 €

18.08.2019

7 ноќи 380 € 400 € 420 €
25.08.2019 7 ноќи 350 € 370 €

400 €

 

 

 

Вила Оскар табела 3. ПАКЕТ АРАНЖМАН СЕПТЕМВРИ. Цените се дадени за пакет аранжман по лице за 7ноќевања со вклучен превоз

ТЕРМИН

01.09.2019 08.09.2019 15.09.2019 22.09.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи

7 ноќи

Цена по лице

155 € 135 € 115 €

85 €

Сместување за минимум 2 лица во студио, 3-то и 4-то лице плаќа само превоз

 

 

НАПОМЕНИ:
-ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. Напомена: Во апартман минимум 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат задолжително по 35евра.
-ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
-Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
-Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
-Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 03:30 часот, а поаѓање во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
-За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
-Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
-Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
-За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
-Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
-Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
-Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:
  • Превоз за возрасен 35евра / Еден правец 25 евра
  • деца 2- 11,99години 25евра / Еден правец 20 евра / Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

Оскар  Оскар