ВИЛА МЕРСИНИС – НЕОС МАРМАРАС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Неос Мармарас, сместен амфитеатрално меѓу борова шума, со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас. Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. Освен овие две најпознати плажи, околината изобилува со многу скриени заливи и уредени плажи идеални за пливање, од кои ги издвојуваме плажата Lagomandra и Tripotamos Beach кај кампот Castello.

Вила Мерсинис – Неос Мармарас

Грција Лето 2019

Вила Мерсинис во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија  има се што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг,  преубава плажа, мир, спокојство… Вилата е комплетно изолирана од градската  врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот „Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената „Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вила Мерсинис  ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

Вила Мерсинис има шест четирикреветни апартмани  на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси  со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018

 Вила „Mersinis” – Неос Мармарас

Термин:

Ноќевања: 1/2+2 апартман

1/2+3 апартман

20.05-30.05.2019

10 9.300 ден (150 €)

11.160 ден (180 )

30.05-09.06.2019

10 13.640 ден (220 €)

15.500 ден (250 )

09.06-19.06.2019

10 19.840 ден (320 €)

21.700 ден (350 )

19.06-29.06.2019

10 22.940 ден (370 €)

24.800 ден (400 )

29.06-09.07.2019

10 29.140 ден (470 €)

31.000 ден (500 )

09.07-19.07.2019

10 38.440 ден (620 €)

40.300 ден (650 )

19.07-29.07.2019

10 38.440 ден (620 €)

40.300 ден (650 )

29.07-08.08.2019

10 38.440 ден (620 €)

40.300 ден (650 )

08.08-18.08.2019

10 38.440 ден (620 €)

40.300 ден (650 )

18.08-28.08.2019

10 35.340 ден (570 €)

37.200 ден (600 )

28.08-07.09.2019

10 27.900 ден (450 €)

29.760 ден (480 )

07.09-17.09.2019

10 19.840 ден (320 €)

21.700 ден (350 )

17.09-27.09.2019

10 13.640 ден (220 €)

15.500 ден (250 )

 

Вила Мерсинис Апартман бр.1

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две соби. Во првата соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на истата тераса која ги опфаќа двете соби. Купатилото е со нормална големина.

Вила Мерсинис Апартман бр.2

Четирикреветен апартман на приземје (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+3 апартман). Апартманот има две соби. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на голема тераса опремена со маса и столчиња која има поглед на задниот дел во дворот на вилата. Во втората соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина.

Вила Мерсинис Апартман бр.3

Четирикреветен апартман на прв спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две соби. Во првата соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на истата тераса која ги опфаќа двете соби. Купатилото е со нормална големина.

Вила Мерсинис Апартман бр.4

Четирикреветен апартман на прв спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+3 апартман). Апартманот има две соби. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на голема тераса опремена со маса и столчиња која има поглед на задниот дел во дворот на вилата. Во втората соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина.

Вила Мерсинис Апартман бр.5

Четирикреветен апартман на втор спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+2 апартман). Апартманот има две соби. Во првата соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на истата тераса која ги опфаќа двете соби. Купатилото е со нормална големина.

Вила Мерсинис Апартман бр.6

Четирикреветен апартман на втор спрат (во ценовникот апартманот е назначен како 1/2+3 апартман). Апартманот има две соби. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест годиини, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице. Во оваа просторија има голема трепезариска маса со столчиња, клима уред и елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Од собата се излегува на голема тераса опремена со маса и столчиња која има поглед на задниот дел во дворот на вилата. Во втората соба има еден дупли кревет, мебел и телевизор. Од собата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019