ВИЛА МЕРОПИ КАЛИТЕА – ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Калитеа е идеално место за патници кои сакаат да уживаат во кристалната чиста вода и белиот песок на плажата која скоро секоја година е наградувана со плаво знаменце. Сместена е во прекрасна околина опкружена со борови дрва и ви овозможува да уживаме во многубројните таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови. Ги привлекува туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.

ВИЛА МЕРОПИ КАЛИТЕА

ГРЦИЈА ЛЕТО 2018

Вила Меропи се наоѓа на самата магистрала, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите, излегува на првата пешачка уличка. Не располага со паркинг, на 200м од самата вила на 3 паралелни улици со неа има бесплатен паркинг за возила. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткара, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали, Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.

Сите соби се наоѓаат на прв спрат и се трокреветни, т.е еден дупли кревет и еден единечен, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, мал и тесен балкон без поглед, ТВ, клима без доплата и wi-fi.

Капацитетот на овие соби е 3 возрасни лица, или 2 возрасни лица со 2 деца од кој второто дете да е до неполни 6год бидејќи дели спално легло со родители, и не му следува дополнително легло.

 

 Смена

 Период Ноќевање Меропи   

студио  1/3

1 20.05-27.05 7

59 Промо

2

27.05-03.06 7

89 Промо

3

03.06-10.06 7 139 
4 10.06-17.06 7

189

5

17.06-24.06 7 259
6 24.06-01.07 7

289

7

01.07-08.07 7 319
8 08.07-15.07 7

329

9

15.07-22.07 7 349
10 22.07-29.07 7

349

11

29.07-05.08 7 349
12 05.08-12.08 7

349

13

12.08-19.08 7 349
14 19.08-26.08 7

309

15

26.08-02.09 7 229
16 02.09-09.09 7

179

17

09.09-16.09 7 129 Промо
18 16.09-23.09 7

99 Промо

19

23.09-30.09 7

59 Промо

 

Во цената не е вклучен превоз. Повратен билет до Калитеа чини :
Цените се дадени по студио за 7 ноќевања, плаќањето е во денарска противвредност 1 евро= 62 ден.

             – Возрасни 35 евра од Скопје.
             – Деца од 2 до 7 години 25 евра од Скопје
            – Деца до 2 години бесплатно – не користи седиште.

Останати услови и попусти :

 – За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7 % попуст.
 – Попустите не можат да се комбинираат. На промо цените нема попуст.
 – Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години.
 – Во цената не е вклучено патничко- здравствено осигурување. 

 

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2018