ВИЛА ЕЛВИРА НЕИ ПОРИ – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Неи Пори е место, кое сеуште претставува најурбанизирано, а со тоа и најсредено летувалиште во областа Пирериа. Како релативно нов туристички центар, со својата планска поставеност, Неи Пори има неограничен потенцијал за развој. Листата на негови карактеристики ги започнува долгата и широка песочна плажа, зелеите појаси и паркови, широките градски улици, како и големиот број на ресторани и кафетерии со прекрасен поглед кон синото море. Како дополнителни соджини за забава и рекреација, во местото се наоѓа и Луна парк, Картинг патека, спортски центар и водени спортови. Близината на Платамона и на Лептокарија, се само дополнителен мотиф за секој негов потенцијален гостин. Позитивните мислења на нашите туристи, оваа дестинација со години ја вбројуваат меѓу најбараните, а објектите кои се наоѓаат во понудата и оваа година, со нескриено задоволство Ви ги презентираме повторно.

ВИЛА ЕЛВИРА НЕИ ПОРИ

ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

ПОПУСТ ОД 20%

за КОМПЛЕТ УПЛАТИ

ДО 29-ти Декември!!!

ВИЛА ЕЛВИРА се наоѓа на 120метри од плажа. Расоплага со двокревети, троктеветни и четворокреветни студија расопредени на приземје, први и втори кат. Секое студио има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Опис: една просторија со брачен и единечен кревет и кујна. Сместувањето е Б категорија.

 

Вила Елвира табела бр.1 – вонсезонски цени

ТЕРМИН 26.05.2019 02.06.2019 09.06.2019 16.06.2019 23.06.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
Во студио / апартман 65 85 115 135 145

 

Вила Елвира табела бр.2 – сезонски цени

Термин Ноќевања Цена за наем на студио
1/2 СТД 1/3 СТД 1/4 СТД
30.06.2019 7 ноќи 260 € 280 € 300 €
07.07.2019 7 ноќи 270 € 300 € 320 €
14.07.2019 7 ноќи 280 € 320 € 360 €
21.07.2019 7 ноќи 320 € 340 € 380 €
28.07.2019 7 ноќи 320 € 340 € 380 €
04.08.2019 7 ноќи 320 € 340 € 380 €
11.08.2019 7 ноќи 320 € 340 € 380 €
18.08.2019 7 ноќи 280 € 310 € 350 €
25.08.2019 7 ноќи 270 € 300 € 320 €

 

Вила Елвира табела бр.3 – вонсезонски цени

ТЕРМИН 01.09.2019 08.09.2019 15.09.2019 22.09.2019
НОЌЕВАЊА 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи 7 ноќи
Во студио / апартман 135 € 125 85 65 €

 

НАПОМЕНИ:
-ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра. ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, согласно бројот на кревети.
-Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
-Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
-Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 03:30 часот, а поаѓање во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
-Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
-Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
-За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
-Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
-Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
-Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот по локално време
-За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
-Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
-Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
-Секој патник има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
-Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите. Цена на превозот:
  • Превоз за возрасен 35евра / Еден правец 25 евра
  • деца 2- 11,99години 25евра / Еден правец 20 евра
  • Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

Неи Пори