Вила Ангелики (Ех Paradise) – Каламици – Грција Лето 2019

Доколку ова лето барате волшебно место за вистински да се одморите, тогаш заминете во Каламитси, скриеното богатство на југоисточниот брег на полуостровот Ситонија. Тоа е најмалото место со најраскошната плажа…место за осамени, романтичари, уморни, заљубени…Има неколку улици, два супермаркети, неколку таверни…нема пошта, нема банка, но има душа и парче убавина подарено од Бога! Ех, Каламитси…Тука животот е безгрижен…тука со денови можете да уживате убаво стокмени во удобните лежалки без да ви здодее непрегледната морска убавина, со часови да го препливувате сликовитиот залив до малото островче и повторно назад, по илјада пати да ја фотографирате плажата која безмалку како да е безобразно нереална. Од изгрејсонце до неговото потонување во морето цел ден сте на нежниот песок…тука заборавате на будилникот, на стресот околу дневните пазарувања…тука живеете бавно,имате доволно време да им се посветите целосно на своите најмили…да уживате со сите свои сетила… Во Каламитси имате доволно време самите за себе. Подобро место за одмор нема да најдете!
Во околината на Каламитси има голем број плажи, од кои Ви ги препорачуваме: Sikia, Orange Beach, Banana Beach, Porto Koufo… Каламитси е оддалечено 11 километри од Торони, а доколку посакате да го почувствувате ритамот на ноќниот живот во Грција, 15 километри Ве делат од Сарти.

Вила Ангелики (Ех Paradise) – Каламици

Грција Лето 2019

Вила Ангелики се наоѓа на само 100 метри од една од најубавите плажи на најмалото скриено богатство на Ситонија-Каламитси. Оваа раскошна вила Ангелики располага со трокреветни и четирикреветни студија на прв и втор спрат со пространи тераси од кои некои имаат бочно поглед кон морето. Сите сместувачки капацитети  се опремени со квалитетен мебел и кујни, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената и сопствено купатило.

Гостите во вилата имаат на располагање и простран двор за уживање: тука децата можат безбедно да играат, а за возрасните еден дел од  просторот е опремен со дрвени маси и столчиња и простор за скара. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Вилата има сопствен паркинг.

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018
Вила „Angeliki” – Каламитси
Термин: Ноќевања: 1/3 студио 1/3+1 студио со помошен кревет 1/3+1 студио со дополнителен кревет
20.05-30.05.2019 10 11.160 ден (180 €) 11.780 ден (190 €) 13.020 ден (210 €)
30.05-09.06.2019 10 17.360 ден (280 €) 17.980 ден (290 €)  19.220 ден (310 €)
09.06-19.06.2019 10 23.560 ден (380 €) 24.180 ден (390 €) 25.420 ден (410 €)
19.06-29.06.2019 10 27.900 ден (450 €) 28.520 ден (460 €) 29.760 ден (480 €)
29.06-09.07.2019 10 32.860 ден (530 €) 33.480 ден (540 €) 34.720 ден (560 €)
09.07-19.07.2019 10 40.300 ден (650 €) 40.920 ден (660 €) 42.160 ден (680 €)
19.07-29.07.2019 10 40.300 ден (650 €) 40.920 ден (660 €) 42.160 ден (680 €)
29.07-08.08.2019 10 40.300 ден (650 €) 40.920 ден (660 €) 42.160 ден (680 €)
08.08-18.08.2019 10 40.300 ден (650 €) 40.920 ден (660 €) 42.160 ден (680 €)
18.08-28.08.2019 10 37.200 ден (600 €) 37.820 ден (610 €) 39.060 ден (630 €)
28.08-07.09.2019 10 27.900 ден (450 €) 28.520 ден (460 €) 29.760 ден (480 €)
07.09-17.09.2019 10 19.840 ден (320 €) 20.460 ден (330 €) 21.700 ден (350 €)
17.09-27.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 16.120 ден (260 €) 17.360 ден (280 €)
Вила Ангелики Студио бр. B7

Пространо трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли,основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна.Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото B8што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец.

Вила Ангелики Студио бр. B8

Пространо 1/3 +1 студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, еден единечен кревет со нормални димензии и еден помошен кревет на расклопување. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна.Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото B7, што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец.

Вила Ангелики Студио бр. B9

Пространо 1/3+1 студио на прв спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со нормални димензии. Од единечниот кревет се извлекува уште еден дополнителен кревет со нормални димензии кој е на иста висина со нормалниот кревет и на кој може да спие и возрасно лице. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли,основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна. Од собата се излегува на голема полукружна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец.

Вила Ангелики Студио бр. А4

Пространо трокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревет со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли,садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна.Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото A5,што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец.

Вила Ангелики Студио бр. А5

Пространо трокреветно студио на втор спрат кое има еден дупли кревет и еден единечен кревети со нормални димензии. Опремено е со мебел, телевизор, клима уред. Кујната е опремена со решо со две рингли, основни садови за готвење и јадење, фрижидер со мала комора, аспиратор. Вратата од терасата има комарници и ролетна. Од собата се излегува на голема правоаголна тераса опремена со пластична маса и столчиња. Доколку има потреба, терасата може преку посебна стаклена врата (која се заклучува) да биде поврзана со терасата од студиото A4, што е погодно за две семејства кои заедно летуваат. Студиото има купатило со нормални димензии кое има мал прозорец.

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019

 

Paradisе