ВИЛА АЛКАНО – НЕОС МАРМАРАС – ГРЦИЈА ЛЕТО 2019

Неос Мармарас, сместен амфитеатрално меѓу борова шума, со особено импресивно лето кога во предвечерјето сонцето се претвара во црвена звезда и потонува во морето. Мармарас е познат и по богатиот ноќен живот,по изобилството спортски активности и шареноликоста на шопинг продавниците,како и по бројните таверни кои чекаат на вас. Во самото место има две плажи-Парадисо, или позната како рајска плажа и Градската плажа, и двете свртени кон запад што им овозможува на туристите да ги впиваат сончевите зраци се до самиот крај на денот. Главната градска плажа неколку пати досега е одликувана со туристичката плакета „Сино Знаме“. Плажата е песочна, пространа и широка, уредена со чадори и лежалки и изобилува со барови и кафетерии. На самиот нејзин крај се наоѓа раскошниот хотелски комплекс Порто Карас. Плажата Парадисо се наоѓа на самиот влез во Неос Мармарас и во последните неколку години станува се популарна меѓу туристите токму заради нејзината едноставна убавина и беспрекорна чистота на морската вода. Освен овие две најпознати плажи, околината изобилува со многу скриени заливи и уредени плажи идеални за пливање, од кои ги издвојуваме плажата Lagomandra и Tripotamos Beach кај кампот Castello.

Вила Алкано – Неос Мармарас

Грција Лето 2019

Вила Алкано која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас, најпопуларното туристичко место на Ситонија. Лоцирана е на главната пешачка зона во првата линија вили, на само дваесетина метри оддалеченост од вилата Sole A Mare. Со задоволство можеме да потврдиме дека за сезоната Лето 2019 ја имаме најдобрата понуда во Неос Мармарас која се однесува на изборот на вилите кои се издвојуваат со извонредната локација и со нивниот квалитет. Од градската песочна плажа која гравитира кон хотелскиот комплекс „Порто Карас“ вила Алкано е оддалечена околу 300 метри. Во приземјето на вилата се наоѓа најпознатиот ресторан за гиро во Неос Мармарас Алкано.

Располагаме со двокреветни и трокреветни студија на прв спрат кои имаат директен поглед на море, поглед на улица или во дворот на вилата. Сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

 

-20% попуст за целосна уплата до 01.12.2018
Вила „Alcano” – Неос Мармарас
 

Термин:

 

Ноќевања:

1/2 студио 1/2 студио море 1/3 студио

1/3 студио

 море

20.05-30.05.2019 10 9.300 ден (150 €) 11.160 ден (180 €) 12.400 ден (200 €) 14.260 ден (230 €)
30.05-09.06.2019 10 12.400 ден (200 €) 14.260 ден (230 €) 16.120  ден (260 €) 18.600 ден (300 €)
09.06-19.06.2019 10 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €) 19.220 ден (310 €) 21.700 ден (350 €)
19.06-29.06.2019 10 18.600 ден (300 €) 20.460 ден (330 €) 22.320 ден (360 €) 24.800 ден (400 €)
29.06-09.07.2019 10 24.800 ден (400 €) 26.660 ден (430 €) 28.520 ден (460 €) 31.000 ден (500 €)
09.07-19.07.2019 10 31.000 ден (500 €) 32.860 ден (530 €) 34.720 ден (560 €) 37.200 ден (600 €)
19.07-29.07.2019 10 31.000 ден (500 €) 32.860 ден (530 €) 34.720 ден (560 €) 37.200 ден (600 €)
29.07-08.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 32.860 ден (530 €) 34.720 ден (560 €) 37.200 ден (600 €)
08.08-18.08.2019 10 31.000 ден (500 €) 32.860 ден (530 €) 34.720 ден (560 €) 37.200 ден (600 €)
18.08-28.08.2019 10 27.900 ден (450 €) 29.760 ден (480 €) 31.620 ден (510 €) 34.100 ден (550 €)
28.08-07.09.2019 10 21.700 ден (350 €) 23.560 ден (380 €) 25.420 ден (410 €) 27.900 ден (450 €)
07.09-17.09.2019 10 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €) 19.220 ден (310 €) 21.700 ден (350 €)
17.09-27.09.2019 10 12.400 ден (200 €) 14.260 ден (230 €) 15.500 ден (250 €) 17.360 ден (280 €)

 

Вила Алкано Студио бр.1 (поглед двор)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата.

 

 

Вила Алкано Студио бр.2 (поглед двор)

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед во дворот на вилата.

 

Вила Алкано Студио бр.3 (поглед море)

Трокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли и еден единечен кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.

 

Вила Алкано Студио бр.4 (поглед море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли  кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.

 

Вила Алкано Студио бр.5 (поглед море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли  кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.

 

Вила Алкано Студио бр.6 (поглед море)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли  кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е долга и продолжува до самиот агол на вилата, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има директен поглед на море.

 

Вила Алкано Студио бр.7 (поглед улица)

Двокреветно студио на прв спрат кое има еден дупли  кревет, мебел, телевизор, клима уред чие користење е вклучено во цената. Во истата просторија се сместени елементите од кујната (електрично решо со две рингли, аспиратор, фрижидер со мала комора, основни садови за готвење и јадење). Има купатило со нормална големина. Терасата е мала, заштитена е со тенда, опремена е со маса и столчиња и има поглед на улицата.

 

Напомена:
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз Скопје-Каламитси
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот
  • Цена на повратен билет –35 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра
  • Во сите студија дозволено е сместување на толку лица колку што има кревети.
  • Во заеднички кревет заедно со возрасно лице може да се смести дополнително едно дете до 4 години.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2019