ВИЕНА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ (Авионски) – (сигурна реализација)

Виена,Австрија

Виена – главен град на Австрија, нејзино политичко, економски и културно седиште. Град со врвна архитектура и голема понуда на историски знаменитости и споменици. Виенската архитектура ја карактеризираат различни стилови, кои припаѓаат на различни историски епохи почнувајќи од романската Рупертова црква, преку готксата катедрала Св. Стефан од XIII век и барокната Карлова црква. Историски најзначајни музејски експонати денеска се чуваат во Hofburg. Меѓу најзначајните експонати е ризницата на Хазбуршката династија, експонати од првокласно значење меѓу кои е и круната на Светото римско царство и царската круна на Австриското царство. Виена го носи и епитетот на музички град во кој живееле композитори како што се Моцарт и Бетовен.

ВИЕНА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус… Посетете ја Виена за 8-ми декември и уживајте во божиќната атмосвера заедно со божиќните пазари.

 

АВИОН / 3 дена / 2 ноќевања

Ден 1

07 Декември (Петок) СКОПЈЕ – ВИЕНА

Состанок на групата на аеродромот Скопје во 11.15 часот. Полетување за Братислава во 13.05 часот со лет на Визер. Слетување на аеродромот во Братислава во 14.40 часот. По завршување на царинските формалности, трансфер до Виенна, со попатна посета на шопинг центар Парндорф. Пристигнување во Виена и сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 2

08 Декември (Сабота) ВИЕНА

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Панорамски разглед на градот: од Шведен плац до Дворецот Белведере (фото стоп), пролжуваме по Рингштрасе – Парламентот, Универзитетот, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, од Палатата Хофбург разгледот продолжува пеш до Црквата св.Петар, Катедралата Вотиф и Катедралата Св.Стефан… Слободно попладне да се вкусат специјалитети на виенската кујна. Ноќевање.

Ден 3

09 Декември (Недела) ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно неделно предпладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Трансфер. Полетување од Братислава со лет на Визер во 15.35 часот. Слетување во Скопје во 17.05 часот.

 

 

Цена во претпродажба до 15 Ноември: 12.340 денари (199 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВИЕНА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ: 15.440 денари (249 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВИЕНА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ Е ВКЛУЧЕНО:

– Авиобилет на релација Скопје – Братислава – Скопје со Визер

– Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)

– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

– Сместување во Моцарт 3 * http://www.hotelmozart-vienna.at/en/ во Виена на база 2 ноќевања со појадок

– Организиран разглед на Виена

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВИЕНА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

– Аеродромски такси 2.990 мкд

– Влезници во музеите и културно – историските споменици

– Доплата за чекиран багаж – куфер до 20kg 2.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

– Посета на Шенбрун со вклучена влезница и локален водич 40 евра

– Посета на Белведере со вклучена влезница и локален водич 40 евра

– Задолжително патничко-здравствено осигурување

 

 

НАПОМЕНИ:

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.

– За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.

– Факултативните излети се уплатуваат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откже на лице место.

– За овој програм важат Опшите Услови на патување на СКТМ.

– Цената на аражманот се во агенција, исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.

– При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.

 

 

Општи напомени:

– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја промени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, музеи, нституции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на програмата, во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА

 

Виена за 8-ми декември