Венеција 2НП – Нова година 2019

Венеција – главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

Венеција 2НП – Нова година 2019

( Фиренца-Верона- Сирмионе)

Венеција – прекрасна и единствена, недостижен оригинал за градовите ширум светот кои потсетуваат на неа но, само со гордост со неа се споредуваат. Taа е една од најбогатите ризници на италијанската и европската архитектура, култура и уметност. Нејзиното создавање почнало во 5-ти век во пространа лагуна на устието на реката Бренте во Венецијанскиот залив, на преку 100 мали острови раздвоени со околу 180 канали и со преку 400 мостови. Комплетното богатство на Венеција се неколку стотици палати и преку 90 цркви – сите дел од светското културно наследство ставено на листата на УНЕСКО.

 

1 ден   29.12.2018 СКОПЈЕ:                                      

Состанок на групата во 14.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 15.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден  30.12.2018 ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:

Пристигнување во Пунта Сабиони во претпладневните часови. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

3 ден  31.12.2018  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ФИРЕНЦА:

Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити…  Во вечерните часови враќање во Лидо. Можност да ја дочекате Нова година 2019 на градските плоштади во Лидо. Ноќевање.

 

4 ден  01.01.2019  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :

Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.

 

5 ден  02.01.2018 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните часови .

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2018 : 149  / 9.240 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 159  / 9.860 ден

        

 

                                                                                                                 

Цената вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник на патувањето

 

 Цената не вклучува:

  • Целодневна задолжителна посета на  Верона и Сирмионе 15 €
  • Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција  15 €
  • Посета на Фиренца 45 €
  • Туристичка такса за ноќевање во Италија (2   по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • Влезници за музеи и споменици
  • Задолжително патничко осигурување 160 мкд
  • Доплата за еднокреветна соба 2.480 денари
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп,Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.

 

Погледнете ги останатите наши понуди за Нова Година 2019 на следниов ЛИНК

 

Венеција