ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – РИМ за 23-ти Октомври

Главниот град на Римското Кралство, Римската Република и Римската Империја, која била доминантна сила во Западна Европа, а самиот град се смета за еден од родните места на западната цивилизација. Рим бил седиште на Папата, станал главен град на Царството Италија и главен град на Италијанската Република. Рим беше рангиран како 28ми по ред најважен глобален град. Во 2007 година, Рим беше 11ти по ред најпосетуван град во светот, 3ти најпосетуван град во границите на Европската Унија и најпопуларна туристичка атракција во Италија. Овој град е еден од најуспешните Европски градеви. Неговиот историски центар е на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Спомениците и музеите како што е Музејот Ватикан и Колосеумот се помеѓу 50те нај посетувани туристички дестинации (музејот Ватикан со 4.2 милиони туристи и Колосеумот со 4 милиони туристи секоја година). Рим беше домаќин на Летните Олимписки Игри во 1960 година.

ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – РИМ за 23-ти Октомври

Цена на аранжманот : 229 евра / 14.198 денари 

 

Патничка програма: Автобус / 6 дена – 3 ноќевања

Кога ќе се спомене Италија, сигурно сите веднаш помислуваме на вечниот град Рим, шармантната и рустична Фиренца, секогаш привлечната Венеција и фамозниот Ватикан

Втората помисла секако дека е паста, пица, џелато, еспресо приготвени од најстрасните мајстори на планетава. Добро, можеби некој прво помислува на ова.

Зависно дали сте авантурист или гурман. Што и да сте, Италија ги исполнува сите желби и ги задоволува сите вкусови и страсти.

Затоа ве покануваме заедно да ги посетиме местата каде што се одвивале најголемите борби на гладијаторите, да си ја побараме среќата со фрлање на паричка во Fontana di Trevi, да го доживееме Ватикан и најголемиот отворен музеј во Фиренца и да уживаме во возење со гондола по Grande Canal во Венеција.

Дали се потребни повеќе причини за да ја посетите Италија? Нам ни се сосема доволно! Веќе се пакуваме..

Ден 1

Ден 1 – 18.10.2018 (Четврток)-Скопје – Венеција

Состанок на групата во 11.00 час. на Дрво Декор. Поаѓање за Италија во 11.30 часот. Патувањето е преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

Ден 2

Ден 2 – 19.10.2018 (Петок)-Венеција (Лидо Ди Јесоло)

Пристигнување во Пунта Сабјони во предпладневните часови и поаѓање со бродче за Венеција. Разглед на Венеција со локален водич- Дуждевата палата, Плоштадот и црквата Сан Марко, Мостот на воздишките, мостот Риалто, Каналот Гранде. Слободно време. Во попладневните часови враќање на Пунта Сабјони и транфер со автобус до Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

Ден 3

Ден 3 – 20.10.2018 (Сабота)-Фиренца

Појадок. По појадокот поаѓање за Фиренца, позната по уметноста и архитектурата.Пристигнување во Фиренца во пoладневните часови. Разглед на градот со локален водич- град во кој живееле многу европски мајстори со огромен број познати и вредни споменици: Катедралата Дуомо, Плоштадот Синјори, Стариот мост Понте Векио, Галеријата Улици, Црквата Санта Кроче, Санта Мариа Новела, Сан Лоренцо. Слободно време за индивидуални активности. Во доцните попладневни часови поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во доцните вечерни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

 

Ден 4

Ден 4 – 21.10.2018 (Недел)-Рим

Појадок. По појадокот организиран разглед на Рим со локален водич (пешачка тура)- Колосеумот, Римски Форум, форумот на цар Трајан, Капитол, Плоштадот Венеција, Плоштадот Кампидоглио, Фонтана Ди Треви, Плоштадот Колона.

Факултативна посета на Тиволи и на Вила Д’Есте со нејзините 1000 водопади и фонтани. Враќање во Рим. Во вечерните часови трансфер до хотел. Ноќевање.

 

Ден 5

 Ден 5 – 22.10.2018 (Понеделник)-Рим-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Ватикан и Ватиканските музеи – Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар… Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

Ден 6

 Ден 6 – 23.10.2018 (Вторник)-Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Цена: 229 еур / 14.198 мкд

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Лидо Ди Јесоло
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Рим
  • Организиран разглед на Венеција, Фиренца и Рим со локален стручен водич
  • Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Туристичка такса во Рим (4 еур на ден-се плаќа во хотел)
  • Бродска карта и разглед на Венеција со локален водич (20 еур)
  • Посета на Тиволи со локален водич (30 еур)
  • Посета на Ватикан со локален водич (45 еур)
  • Влезници за посета на музеи и галерии
  • Патничко и здравствено осигурување 210 мкд

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ, ПОТРЕБНИ СЕ МИНИМУМ 25 ПАТНИЦИ

Доплата за еднокреветна соба: 55 еур (3.410 мкд)

– Хотел Verdi 3*-Лидо Ди Јесоло (или сличен) www.hotelverdijesolo.com/en/ -хотелот е лоциран во центарот на Лидо Ди Јесоло на 100м од морето. Сместување во двокреветни стандардни соби или трокреветни соби (третото легло е дополнително).

– Хотел Tore Di Pratolungo 3*-Рим (или сличен) www.torrepratolungo.it/?lang=en -хотелот е лоциран во областа Viale della Torre di Pratolungо на 16км од центарот на Рим. Сместување во двокреветни стандардни соби или трокреветни соби (третото легло е дополнително).

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62мкд)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна). Важност на пасошот мин.90 дена од денот на враќањето
  • Краен рок за пријавување 10.10.2018 год.
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 10 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Важат општите услови на патување на СТАФ и СКТМ

Погледнете ги и останатите наши понуди за 23-ти Октомври тука