Венеција за денот на вљубените

Венеција – главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година.
Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали параброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.
Венеција има многу познати архитектонски и уметнички споменици: Дуждова палата, црквата Свети Марко и деведесет други цркви, богати музеи, уметнички галерии, познатата академија на уметностите, опсерваторија и други научни и културни установи. Во неа се одржуваат и познатиот Венецијански филмски фестивал, Биеналето, Тетарскиот фестивал. Позната е и по изработката на предмети од стакло (потекнува од островот Мурано), чипка, сребро, злато, кожа. Во предградијата на Венеција се наоѓа индустриска зона, а во близина се многубројните плажи, од кои најпозната е Лидо.

ВЕНЕЦИЈА

Доколку сакате да уживате во љубовта и во прекрасните заеднички мигови со својот партнер, во тој случај не ја пропуштајте  една од најдобрите дестинации, а тоа е Венеција за денот за вљубените.

Прекрасна и единствена, недостижен оригинал за градовите ширум светот кои потсетуваат на неа, но само со гордост со неа се споредуваат. Taа е една од најбогатите ризници на италијанската и европската архитектура, култура и уметност. Нејзиното создавање почнало во 5-ти век во пространа лагуна на устието на реката Бренте во Венецијанскиот залив, на преку 100 мали острови раздвоени со околу 180 канали и со преку 400 мостови. Комплетното богатство на Венеција се неколку стотици палати и преку 90 цркви – сите дел од светското културно наследство ставено на листата на УНЕСКО.

 

Предлог програма: Дата: 13.02-17.02.2019

1 ден: Слетување на аеродромот во Тревисо и приватен трансфер до хотел. Прошетајте по уличките на Венеција и завршете ја Вашата прошетка на плоштадот Св.Марко. Ви предлагаме да седнете во некое од кафулињата со поглед кон прекрасната базилика.

 

2 ден: Започнете го денот со романтично возење по каналите на Венеција, а ноќта продолжете ја во некој од рестораните и вкусете ја италијанската кујна.

 

3 ден:  Ви предлагаме разглед на Венеција-Дуждовата палата, мостот на воздишките, Саат кулата, мостот Риалто, Каналот Гранде. И посетете го островот Мурано, сместен во лагуната на Венеција. Овој остров е познат по своите стакларски производи.

 

4 ден: Ви препорачуваме посета на Верона, градот во кој се има случено најголемата љубовна трагедија опеана во Шекспировата “Ромеи и Јулија”. Посета на плоштадите Бра, Ербе, Данте, куќата на Јулија.

Во вечерните часови бидете дел од најпопуларниот настан, а тоа е Керневалот во Венеција, кој традиционално се оддржува секоја година.

 

5 ден: Слободно време. Приватен трансфер до аеродром. Ви препорачуваме да бидете на аеродромо 2  часа пред поаѓање.

 

Цена од:  229 еур (14.198 мкд)

 

Во цената на аранжманот Венеција за денот на вљубените е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Венеција Тревизо-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 2* -услуга 4 ноќевања со појадок (предлог хотел Villa Rosa 2*  на 2км плоштадот Сан Марко)

 

Во цената на аранжманот Венеција за денот на вљубените не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 10 еур шатл бус; 30 еур такси)
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 3 еур на ден по лице (се плаќа во хотел)

 

Летови: Среда и Недела

Скопје-Венеција  13:00-14:45

Венеција-Скопје  15:15-16:55

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

Погледнете ги и останатите наши понуди на следниов линк