БУДИМПЕШТА – CHRISTMAS MARKET – 2НП

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.
Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции.  Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

CHRISTMAS MARKET

БУДИМПЕШТА ( Виена – Сент Андреа) – 2НП

Повеќе од 1500 години стара историја и културно богатсвo кое бројните цивилизации го оставиле ја прават Будимпешта фасцинантна. Споена од три града: Буда, Обуда и Пешта, настанала во 1873 година, убавицата на Дунав ја красат 10 мостови и Кралската палата. И запомнете, не сте биле во овој град доколку не сте прошетале по познатата улица Ваци, не сте ја посетиле познатата слаткарница Жербо или не сте уживале во познатите унгарски Чарди.

Ден 1

06.12.201СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

Ден 2

07.12.201БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

Ден 3

08.12.201БУДИМПЕШТА – ВИЕНА Појадок. Препорачуваме  посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта.. Ноќевање.

Ден 4

09.12.201БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА  Појадок. По појадокот заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви.Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 5

10.12.2018 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во пладневните  часови …

 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТЗА УПЛАТА ДО 10 НОЕМВРИ: 99 € / 6.140 ден 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 € / 6.760 ден

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  160 денари
  • Разглед на Будимпешта 10€
  • Крстарење по Дунав  15€
  • Посета на Сент Андреа  10€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  1,550 денари

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање

 

 

Доколку сакате да прочитате нешто повеќе за божиќните маркети стиснете на линкот http://bit.ly/2y0ElBH

 

БУДИМПЕШТА за 1-ви МАЈ