Будимпешта – Унгарија (авионски)

Повеќе од 1500 години стара историја и културно богатсвo кое бројните цивилизации го оставиле ја прават Будимпешта фасцинантна. Споена од три града: Буда, Обуда и Пешта, настанала во 1873 година, убавицата на Дунав ја красат 10 мостови и Кралската палата. И запомнете, не сте биле во овој град доколку не сте прошетале по познатата улица Ваци, не сте ја посетиле познатата слаткарница Жербо или не сте уживале во познатите унгарски Чарди. Посетете ја Будимпешта за 8-ми декември и уживајте во божиќната атмосвера заедно со божиќните пазари.

Будимпешта

Град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Будимпешта со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност. Благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

 

Предлог програма:

Ден 1

По сместувањето во хотел, Ви предлагаме разглед на градот: Пешта – Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Андраши, Ракочи, Ваци… Парламентот, црквата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Будим – Цитаделата, Кралската палата, црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина.

Ден 2

Предлагаме посета на музејот на ликовната уметност, плоштадот на хериоите и споменикот Миленум, унгарскиот национален музеј, градскиот Woodland парк и островот Маргарет…Вечерта факултативно крстарење со брод под мостовите на Дунав.

Ден 3

Предлагаме посета на Парламентот – најмаркантното обележје на градот. Слободно време за индивидуални активности или посета на некои од знаменитостите- Тропикариумот, Зоолошката градина или едноставно, време за прошетка до Кралската Палата и влез во Лавиринтот и сл. Вечерта, факултативна вечера во традиционален ресторан – чарда со танци и уметничка програма, како и мени од унгарската кујна.

Ден 4

Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот.

 

Цена: од  130 еур ( 8.060 мкд)

 

Дати:

01.12-04.12.2018

12.01-15.01.2019

19.01-22.01.2019

02.02-05.02.2019

09.02-12.02.2019

16.02-19.02.2019


Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Будимпешта-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 3* -услуга 3 ноќевања со појадок (Предлог хотел Classic 3* на 3 км од центарот)

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 3 еур шатл бус; 30-40 еур такси)
  • Патничко осигурување

 

Летови: Вторник и Сабота
  • Скопје-Будимпешта   08:05-15:00
  • Будимпешта-Скопје   06:10-07:35

***Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

 ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ АВИОНСКИ ПОНУДИ ТУКА

 

Будимпешта за