1. Ден / Скопје – Црна гора:

Состанок на групата во договорено време, на паркингот спроти Хотел Holiday INN. Пред нас е ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2.-7. Ден / Црна Гора – Будва:

Во утринските часови пристигнување Будва. По пристигнувањето во Будва следува сместување во сместувачките капацитети. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море ќе ни бидат домаќини во наредните 7 дена. Будва ќе даде можност за совршен одмор пропратен со комбинација на дневен одмор и ноќен живот кој ова место Ви го овожува со своите клубови кои работат до утринските часови. Можности за посета на Дубровник, на прекрасните плажи кои ги нуди Јадранската обала и малце поинакво крстарење и запознавање на Бока Которска. Препуштете се на ова патување со нашата организација.

8. Ден / Будва – Црна Гора – Скопје:

Ги пакуваме куферите и го напуштаме сместувањето. Слободно време за индивидуални активности за прошетка и купување на сувенири. Денско и  ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во доцните вечерни часови.