Будва и Острог за 8-ми декември

Манастирот Острог во текот на целата година е најпосетено светилиште во Црна Гора, а после Христовиот гроб и Светата гора, ова е третото најпосетено светилиште во христијанскиот свет. 
Причината за тоа се бројните чуда кои што се случуваат во ова карпесто црквено здание. Од тие безбројни исцеленија мал број е запишан и објавен пред минатата светска војна. Манастирот Острог се смета дека претставува вистинско место за одмор на душата и пронаоѓање на Бога во себе си. Дури и самиот пат и пристапот до ова свето место претставува вистински предизвик. Реки од верници го посетуваат манастирот во кој што доаѓаат пешки, а голем процент од посетителите се брачни парови кои што не можат да имаат деца. Но, не е мал и бројот на жените кои што после посетата на вечната куќа на прочуениот светец останале бремени, а сите до една веруваат дека токму свети Василиј ги благословил, па останале бремени.
Се верува и дека виновата лоза која што расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, поточно дека нејзините плодови ја лечат неплодноста.

Будва и Острог

Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини, храбро зачекорил во морето. Тесните, со камен поплочени улици се слеваат во преубавите малечки градски плоштади.

Острог – Манастирот на Василие Острошки, сместен во високо карпест предел. Манастирот претставува најголемото Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Основан е од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат во Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста.

 

Програма:

07.12.2018 (петок) – Состанок на групата во 23.00 часот и поаѓање за Црна Гора.

08.12.2018 (сабота) – Разгледување на св. Стефан и пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во вили. Попладнето прошетка до стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите св.Иван, св.Марија итн. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.

09.12.2018 (недела) – Во 10.00 часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Попладне поаѓање за Македонија. Пристигнување во Велес во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 40 eвра/2.480 денари

 

Во цената на аранжманот Будва и Острог е вклучено:
  • превоз со високотуристички автобус
  • сместување во Будва во студија
  • посета на Острог, Будва
  • организација и реализација на патувањето

 

Во цената на аранжманот Будва и Острог не е вклучено:
  • патничко осигурување 150 ден
  • такса и превоз од долниот до горниот манастир  3 евра

 

Напомена:
  • За реализација на програмата  и факултативите потребни се минимум од 40 патника

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ 8-МИ ДЕКЕМВРИ ТУКА