БУДВА ЗА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД 15-17.06.2018

БУДВА е убавица во која има за секој по нешто. Бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвора во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради која се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам.
Во Будва ќе се релаксирате покрај море, во стариот град ќе уживате во погледот и амбиентот што остава без здив, а навечер ќе се журкате до утринските часови. Ова се причините зошто да ја посетите Будва за продолжениот викенд во јуни.

БУДВА ЗА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД

15-17.06.2018

 

ПРОГРАМА:

1 ден: 14.06.2018 год. Четврток

Состанок на групата во 22:30 часот на Дрво Декор, тргнување во 23 часот. Патот води преку Косово и Албанија по новиот автопат. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден: 15.06.2018 год. Петок

Утринско пристигнуваме во Манастирот Св. Василие Острошки сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување. Откако ќе завршиме во манастирот се упатуваме кон Будва. Сместување во вила Монте Рио. Попладнето слободно време за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани.

Можност за попладневна факултативна екскурзија со бродче.

Вечерта препорачуваме посета на некој од ноќните клубови.

Ноќевање

3 ден: 16.06.2018 год. Сабота

Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Game of Thrones“ денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Овој град плени со својата убавина и шарм, вреди да се посети. Враќање во Будва.

Ноќевање.

4 ден: 17.06.2018 год. Недела

Појадок. Одјавување и заминување кон најлуксузното летувалиште на Јадранот, (можност за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Малку релаксација на оваа плажа. Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

    ULTRA FIRST MINUTE 69€ / 4278мкд ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 05.06.2018

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  89€ / 5.518 ден

 

Во цената на аранжманот  е вклучено:
  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевање со појадок во Вила Рио, Будва
  • организација и придружник на патувањето
  • посета на Острошкиот манастир

 

Во цената на аранжманот Будва не е вклучено:
  • Факултативна посета на Дубровник 10€ (доплата на лице место)
  • Факултативно возење со бродче 10€ (доплата на лице место)
  • Туристичка такса во Будва 1€ по лице на ден
  • Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог – 3€ (доплата на лице место)
  • Туристичка такса во Манастир Осторг 1€
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

 

Напомена:
  • За реализација на аранжманот минимум 40 патника
  • За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Стаф и СКТМ
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма
  • Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд

 

Будва за 1-ви мај       

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 1-ви МАЈ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК