БУДВА – ДУБРОВНИК – ОСТРОГ ЗА 24-ти МАЈ

Будва е приморски град во Црна Гора. Градот е центар на општината Будва и има околу 10.000 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.
Туристичката содржина на ова летувалиште е збогатено со традиционални културни, забавни и модни манифестации. Преубавиот стар град, опкружен со ѕидини, храбро зачекорил во морето. Тесните, со камен поплочени улици се слеваат во преубавите малечки градски плоштади.
Острог – Манастирот на Василие Острошки, сместен во високо карпест предел. Манастирот претставува најголемото Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Основан е од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат во Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста.

БУДВА – ДУБРОВНИК – ОСТРОГ

ЗА 24-ти МАЈ

1. Ден (23.05.2018) среда Велес- Скопје – Будва

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП хотел во 21.30часот. Поаѓање за Црна Гора во 22.00часот.  Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2. Ден (24.05.2018) четврток Св. Стефан – Будва

Пристигнување во Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед или кафе и поаѓање за Будва. Сместување во приватни апартмани во Будва. Слободно попладне  за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.

3. Ден (25.05.2018) петок Будва – Дубровник

Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Гејм оф Тронс“ денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Будва. Ноќевање.

4.Ден (26.05.2018) сабота  Будва – Острог – Скопје-Велес  

Напуштање на хотелот и патувањето продолжува кон Манастирот на Василие Острошки, сместен во високо карпест предел. Манастирот претставува најголемото Црногорско светилиште и секоја година привлекува мноштво поклоненици. Основан е од страна на Св. Василије Острошки во XVII век. Се верува дека неговите мошти кои се наоѓаат во Горниот Манастир се чудотворни, а виновата лоза која расте покрај карпите на прочуениот манастир е лековита, односно нејзините плодови ја лечат неплодноста. Патувањето продолжува кон Македонија, ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Велес во доцните вечерни часови.

 

 

Студија и апартмани – 59€/3.660 мкд со уплата до 01.05.2018

Редовна Цена – 69 €/4.280

 

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ОД ШТИП,ВЕЛЕС,НЕГОТИНО,КАВАДАРЦИ,СКОПЈЕ

 

 

Во цената е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

– Сместување во студија и апартмани

– Попатна посета на Св.Стефан

– Организирана посета на Острог

– Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

– Факултативна посета на Дубровник 10€ (За реализација е потребно минимум од 30 патници)

– Превоз од Долниот до Горниот манастир Острог-повратна 3€ (доплата на лице место)

– Влезници по музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

НАПОМЕНИ :

– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.

– За овој аранжман важат Општите Услови за патување на СКТМ

– Цените се изразени во евра за уплата исклучиво во денари по курс 1€=62мкд.

 

 

Будва за 1-ви мај       

 

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ОСТАНАТИТЕ НАШИ ПОНУДИ ЗА 24-ти МАЈ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК