Братислава за денот на вљубените

Братислава е главен град на Словачка и е најголем град во републиката. Братислава се наоѓа на југозападниот дел на државата поставен долж двата брега на реката Дунав до границата со Австрија и Унгарија. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствен град во светот кој граничи со две независни држави. Опкружена е со винови лози и малите Карпати, прекриени со пошумени пешачки и велосипедски патеки.

БРАТИСЛАВА

Уживајте во денот што ќе го поминете во Вашата подобра половина во Братислава за денот на вљубените. Опкружена е со винови лози и малите Карпати, прекриени со пошумени пешачки и велосипедски патеки. Градот уште од 18 век е познат по своите живи барови и кафулиња. На врвот на ридот се наоѓа реконструираниот замок кој дава прекрасен поглед на стариот град и на реката Дунав. Постојат многу градови во Европа, но само некои имаат единствена атмосфера што ќе ја сетите. Братислава, која силно веруваме, е една од нив и навистина вреди да се доживее.

 

Предлог програма: Дата: 13.02-17.02.2019

1 ден: Пристигнување, индивидуален трансфер до Братислава. Препорачуваме прошетка низ Стариот град: Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца…Ноќевање

2 ден: Ви предлагаме да ја и посетите Дунавската пивница лоцирана на брод и да поминете романтичен ден крстарејки по Дунав и да уживате во традиционалната словачка кујна.

3 ден: Предлагаме посета на палатата Грасaлкович, позната како и “Белата Куќа на Словачка“. Позади резиденцијата на претседателот се наоѓа градината изградена во француски стил, прекрасно место за одмор и релаксација. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање

4 ден: Слободно време за посета на Синагогата во Братислава, посета на еден од највпечатливите ресторани и барови УФО кој се наоѓа на Нови Мост, препорачуваме пауза за ручек или коктел пауза во барот…

5 ден: Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме да бидете на аеродром 2 часа пред летот

 

Цена од:  167 еур ( 10.354 мкд)

 

Во цената на аранжманот Братислава за денот на вљубените е вклучено:
  • Авионски превоз Скопје-Братислава-Скопје со Wizz Air
  • Аеродромски такси
  • Бесплатна рачна торба  до 8кг со димензии (40x30x20 cm)
  • Хотел со 3* -услуга 4 ноќевања со појадок (предлог хотел Viktor 3* на 2,7 км од центарот)

 

Во цената на аранжманот Братислава за денот на вљубените не е вклучено:
  • Трансфер од/до аеродром-хотел (информативно: 1 еур редовна автобуска линија; 20-25 еур такси)
  • Туристичка такса (од 2 до 5 еур на ден по лице на ден/се плаќа во хотел)
  • Патничко осигурување

 

Летови: Среда, Петок и Недела

Скопје-Братислава  13:20-15:00

Братислава-Скопје  15:30-17:00

**Цената зависи од моментално расположливи места во авио компанијата и хотелите

 

Погледнете ги и останатите наши понуди на следниов линк